Technology

Скопските Ќенефи

Едно пешес години старо четиво шо го пуштам од време на време, еве и денес, пригодно е, пошо се гласа локално, а со глобални импликации, и мора да се знае кој е против градот и граџаните, па и против глобусот, пошо да им даеш на тие, и земјата ќе ја исфрлат од орбитата и ќе ја пратат дирек у космички ќенеф.


Памтам, коа бев мал, многу бев смотан. Катастрофа! Никад не ќаруев на џамлии, ама никад. Коа се играше фудбал на мали голчиња, не ме пуштаа ни статива да бидам. Челик коа играа, ја морав од балкон да глеам, не доаѓаше у обзир да ме земат барем стапот да го гланцам. Ме праќаа увек по цигари, и никад не ми даваа да има кусур за мастики да си купам. Ќе си напраев лепче со шеќер и вода, ќе излезев пред зграда, обавезно со сопнуев и ми паѓаше лепчето. И тоа од страната на шеќерот. Неверојатно нешо!

Еднаш знам на мајка ми и побарав пари за автобус да идам у старо маало, таму ми беа другарите, ваму у чаир никого не познавав. Не ми дае, стипса жена беше мајка ми, и ја од инат, пешки, до технолошки факултет, таму беше старо маало. Си викам, татко ми со кола возеше коа идевме у влае кај чичко ми преку топаана, тоа тенеќе маало, и ја ќе тргнам пешки од тука, ќе стигнам, со кола за пет минути се оди.

Коа заакав, идам, идам, и се најдов пред еден војник шо си праеше муабет со еден овчар. Војникот пушка преку рамо, ме глеа, се смее, мали где чеш, ми вика, ја му викам у старо маало бе. - Па где одавде, ово је касарна? Ја тоа да скратам пут, сум се заакал, знам рипнав некои жици, си викам да не кружам и сум се нашол у маршал тито касарна, кај аквадукт. Тој овчарот ми вика мали ај сеа од тука ќе фатиш, па ќе излезеш на пут, и после лево и цепај. Излегов кај Визбегово, тогаш уше немаше дуќани за мебел, сервиси и други такви некои бизниси, пусто беше, и после преку Момин поток до технолошки факултет.

После потпораснав, даска, највисок у оделение. Ама и даље си бев смотан. Земав еднаш со фигаро да си ја скастрам косата, и ми се напраи мала дупка. Да израмнам, и дупката се прошири. Уше малку да израмнам, и останав без коса на горниот дел од тимбата. После нормално морав да идам на бербер лустер да се шишам. И коа се редевме оцабајле пред час у школо, ја највисок од сите, тоа ќелјавицата блешти, а бе да се самоубиеш.

Добра работа коа си смотан е шо мора да учиш како да го намалиш влијанието на смотаноста, да можеш да функционираш меѓу луѓе. Така снимаш работи, ги складираш, да ти бидат на дофат. Најмногу складираш ситуации за да ги препознаеш коа ќе се појават пак и да не го кркаш. На пример, више коа бев у средно школо, почнав да искачам, у град, шо викавме да идам. Пешки, преку јаја паша, низ чаршија, камени мост, тогаш уше личеше на нешо, и у центар. У кино утро, коа бегав од часови. А прецедник на клас сум бил, јеботе, и кидав, ме немаше у школо.

Сродна слика

Нејсе. Ќе доев у град, и пошо смотан, ќе се забораев у шетњата, не ми се враќаше дома. ОК е човек да шета, ама ако шета подолго време, зорт го фаќа. Посебно ако е смотан. Смотан и мочко се браќа близнаци. И така, еднаш два пути по гаражи се криев, ама па не иде, се сецкаш на секој звук, ќе ти излезе некој со шипка ќе те скрши од маање, такви беа луѓето. Такви се и сеа, дури и полоши, али тоа е друга прича. И за да иам слобода коа искачам у град, почнав да учам кај све има кенефи. Сите сум ги знаел, до еден, по хотели, на меѓуградска, на железничка, оние под земја, кој зима пет банки, кој две, кај ќе те пуштат без пари, кај има хартија, кај треба да одиш со палома. А бе можев тура да организирам за странци по јавни вециња у Скопје, да ги запознаам со богатата субкултура испишана по плочки и внатрешни врати на кабините за кењање. Тоа понуди имаше вакви онакви, описи на органи, совети за кај кој да се носи.

Оно не е чудо шо у тоа време кењаа луѓе по јавни тоалети, него чудно ми беше шо носеа пенкала со себе. Јака фора демек ај денес ќе идам да пишуем поезија по јавни тоалети, да си зеам пенкалото, многу добри идеи иам. А бе неверојатно нешо, коа почнав со женски да искачам, онака, као пратња, жените никад не ме сакале нешо посебно, али увек сум имал со некоја другарка у диско да идам петок навечер, тогаш нели у диско само парови пуштаа и сами женски, никако сами мушки, не дај боже, значи, коа почнаа да ме дружат, се импресионираа од тоа шо знаев у секој момент, у било која точка у центар каде можам да се олеснам. Абе суперстар, шо да ти кажам.

И сеа си мислам. Пораснав, остарев дури, си останав смотан и даље. Не дека нешо важно сум научил за животот, нешо онака, мудрост некоја шо ќе се запише у збирка на мудрости, или ќе се раскажуе по слави и погреби. Не! Едноставно, помина време, го глеам животот си тече, баш му е гајле шо сабајле ко на курбла сум, едно пола саат ми треба да почне крвта да струи низ жили, баш му е гајле шо не престанав да мочам, баш му е галје шо ми паднаа зубите, едвај собрав пари за мост да ставам, да можам барем попара да јадам. А зуби сум имал ехехеееј, ко некој волк!

Еднаш коа се враќав автостоп од минхен ме качија некои хевиметалци у комбе, опасно изгледаа, си викам овие нешо ќе праат со мене. Оно у ствари викенд, тие све фини момци преку недела, и ќе дојде петок, облакаат тоа опремата за утисак, и пичат со комбето. И на задно седиште, у ќош, гајба пиво имаше, ми понудија пиво, го зиам ја, си викам овие ако нешо некоја идеа имаат, да им покажам ја дека од карпа сум праен, и со зуби го отворив шишето пиво. И онака мушки, као да сум избегал од некој филм со Чарлс Бронсон или Клинт Иствуд, ја исплукав тапата на другиот крај на комбето као некој проектил. После, коа го испив пивото ми вика земи си слободно уше едно, и си земав уше едно, и уше едно, и така до Грац, кај шо ме остаија, камен се напраив, повраќав таму пред некоја црква сабајле у три саат. ЕЕј ама забегав сеа, дај да се вратам на темата.

Значи си викам пораснав, јеботе, се смени све, градот ко да не е мој, напраија едно чудо работи, све само да го сокријат моето Скопје, ама не напраија јавни тоалети. Ја сите ги знам, пошо више професионалец сум станал, иам некој инстинкт за наоѓање кенефи, кај и да идам, ама сеа тука не смеам да кажам, ќе почнат многу луѓе да идат коа ќе ги фати, и нема после ни мене да ме пуштаат. У секој случај. Не напраија. Прво не ми беше јасно зашо, па град мора да има јавни тоалети, луѓе не се активираат коа ќе им се присака, него коа ќе им дојде. После ми текна. Градот ми го сокрија луѓе шо никад немале потреба коа ќе ги стегне да бараат тоалет, туку по грмушки у природа, по ридови и ниви се олеснуеле. Шо ќе праиш. Ениуеј, шо викаат енглезите, пораснав, и си останав смотан. Слаба утеха ми е што не сум само ја смотан, туку еден куп други фаци шо мочале по јавни вециња у младоста.

Пишуе Лазар Попов 

Скопските Ќенефи Скопските Ќенефи Reviewed by Skopski Solidarec on 15 октобар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)