Technology

Месна инспекција

Понекад ко ќе влезам у некоја месара се прашуем шо стана со она законот кој вика дека - сите продажни објекти и кланици у Македонија се обврзани да продаваат свежо и смрзнато месо со декларација на која ќе бидат назначени земјата на потекло, рокот на траење, нето-тежината, местото на обработка и условите на складирање. А ако месото е увезено, на декларацијата мора да пишува каде е родено, одгледано и заклано животното, неговата старост, да биде назначена земјата од каде што доаѓа, како и од која кланица, итаканатака итаканавака.


Искрено ја веќе подолг период вакви декларации на места кај шо се продава месо не глеам. Барем таму кај шо купуем. Да не у меѓувреме го укинале овој закон? (Ако го укинале зашо го укинале!?) Или у прашање е она народната „Секое чудо за 3 дена“. Ако е второво тогаш Месната инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство треба да реагира. Или може сум грешка нешто?

Не помалце страшно од ова е хигиената. Месари сечат свежо месо, после ти сечат салама па после фаќаат пари и све тoa сo ист нoж и сo исти рaце. Ова со париве додуше сегде го има, и по месари и по пекари и по сендвичари. Како да не знаеме дека парите се хотел со пет звездички за бактериите, зато се пуни со нив. Бактерииве се тепаат меѓу себе која прва ќе резервира апартман у некоја пара.

Текстов ми дремеше у фиока едно два месеца поради блокада и таман тргнав да го пуштам у промет кога читам дека Месната инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство се пуштила у акција при која се се откриени и уништени 400 кг небезбедно месо. И то е добро и тоа треба ептен почесто да се прави, и то не само у месари, пекари и сендвичари него и у кафани, бурекџилници, маркети и сегде другде каде се држи и продава месо.

Е сеа у текстот на Агенцијата за храна и ветеринарство не се кажува каде е откриено тоа небезбедно месо. За манџија како мене тоа би било добра информација. Имињата на таквите месарници каде шо е откриено тоа небезбедно месо се строго чувана тајна. Ок, ако е така нека не ги кажуваат. Али тогаш барем нека кажат каде не е откриено небезбедно месо, тоест у кој месарници било се ОК, ако има такви нормално. Мене и тоа би ми завршило работа. Вака сеа ќе сумњам на сите месарници, и кај шо е откриено и кај шо не е откриено такво небезбедно месо. Мислам дека и оние месарници шо работат по Пе-ес би го сакале тоа. Тој шо труе народ објави го јавно ебатебеља, шо го криеш.

Повеќе за акцијата на Месната инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство на следниот линк

 
Месна инспекција Месна инспекција Reviewed by Skopski Solidarec on 23 фебруар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)