Technology

Нашинецот од Бундесрепублик Дојчланд


Случајно се запознав со еден нашинец кој е на постојана печелба у Германија, уствари сега е више у пензија па така како пензионер ги ужива благодетите на најаката економија у Европа. Прво помислив за него дека се работи за некој Германец што научил добро да зборува Македонски, за после да сфатам дека нашинецов го попримил Германскиот акцент пошто долги години е више у  Бундесрепублик Дојчланд. 
Отиден некаде на почетокот од седумдесетите години, кога исто така некој нашинец од Германија му рекол дека таму тече мед и млеко, па овој си рекол - ај да пробам, шо има да изгубам. И како шо ќе рече веќе после некој месец му било јасно дека нема више никад да се врати у родниот крај. Стварно течело мед и млеко. 

Иначе тука дошол само на некој ден за да се види со брат му, па ќе си бега. Пробале со жена му пред пар години да живеат тука ама ги фатило носталгија па се вратиле у Германија. - Добро прочитавте, носталгија по Германија не по Македонија. Продал шо имал и дефинитивно кажал ауфидерзен на Македонија. Што ќе ми е имот тука, кога децата неќат да доаѓаат, ќе рече.

Ќе додаде само дека му е жал шо децата негови не научиле Македонски, али вика затоа течно зборат Германски, а знаат и Англиски. Не сакавме да ги буниме со многу јазици ќе рече, ипак живеат у Германија па јазикот им е потребен. Али разбираат Македонски. Ние со жената кога збориме они се разбираат, само ни одговараат на Германски.

Така си шпрехаме со нашинецот, па дојде ред да се пофали за животот како што ние мислиме у туѓина, али како што сфатив кроз муабетов уствари Македонија за него е туѓина, а Германија му е татковината. Па вика, работел у некоја фабрика каде што земал 3500 евра, а сега како пензионер земал околу 2000 евра. Кога отишол у пензија од фирмата му дале 55 000 евра пошто осим социјално и здравствено таму уплаќале и нешто екстра за ко ќе отиде некој у пензија малце да го појачаат со кеш. Кај нас му викам се даваа сатови ко ќе иде некој у пензија, мада сеа мислам дека ни тоа више го нема. Сум наслушнал дека пред пензија наместо саат можело да се добие клоца у гз, за фирмата да уштедела нешто што требала да уплати за идниот пензионер, али тоа се гласини, сеа за сеа не е докажано.

Нормално неизбежна тема и за политичките збиднувања у Македонија. Иако нашинецот тамо немал многу време да прати шо се дешава кај нас, сепак ќе рече дека многу се чуделе ко слушнале дека сме требале да го смениме името за да влеземе у ЕУ. - И ние тука се чудиме, му викам. И осим тоа чудење, се чудиме и како да го протуркаме месецот. 

Потоа ме праша да му кажам нешто повеќе каква е ситуацијата тука. Избегнувајќи го проблемот со името му свртев на економија, па му викам добра, просечно се зема околу 200 до 250 евра... - Како 250 евра ме прекина на сред збор?! Ме гледа мисли го заебавам, и ја го гледам ја пак мислам дека он мене ме заебава, зарем е можно дека не знае колкави се платите кај нас?!

 - Па како се снаоѓате со толкави мали плати ме прашуе, како што гледам цените на храната се дури и поскапи од Германија. По македонски му викам, леб и сол и оп, помина месецот. Си помислив ако му кажам пензиите колкави се, ќе фати џаде нема више ни брат да дојде да види, ни ништо. Ауу, ја мислев дека платите се како оние на брат ми кој одлично заработува. - Не земаат сите толкави плати, промрмљав.

На крај од муабетов ми вика, па добро ако мислите дека промената на името ќе ви донесе подобар живот тогаш добро, ако. Стварно не сфаќам како живеете тука со тие мизерни плати. И малце ме изненади, ја очекував дека ќе почне со она „Името не го даваме“ и слични пароли, али чичево јок. Демек како мислите дека е добро така прајте. Скроз различито понашање од она шо досега сум мислел за нашите у дијаспора.

Тогаш апла ми стана јасно дека уствари нашинциве скоро и да немаат појма шо се дешава у државава, па дури можам да речам дека не ги ни интересира. Само си помислив чим постариве немаат никаква намера да се вратат у државава што да се каже за нивните деца. Они неќат ни да чујат на викенд да дојдат, а не пак да се вратат да живеат. Што можда е и нормално, тамо живеат, тамо работат, децата им живеат и работат тамо, ништо више не ги влече овде.

Пред да се поздравиме ми вика, летоска ќе идеме на одмор со мојата Фрау па ќе поминеме пак. Супер му викам, може ќе се сретнеме. Не, ми вика, само ќе поминеме кроз Македонија, ќе идеме у Грчка на одмор. нема да се задржаваме тука. Аха, ако му викам, тогаш убаво да си поминете. Се поздравивме и секој на својата страна. Ја си останувам тука во држава со 250 евра плата, а он се враќа у својата татковина со пензија од 10 Македонски плати. Вечна дае... мислам Германија.

Нашинецот од Бундесрепублик Дојчланд Нашинецот од Бундесрепублик Дојчланд Reviewed by Skopski Solidarec on 20 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)