Technology

Затвореното шеталиште на кеј

Другарки и другари, дами и господа, ова што го гледате на слика е култното шеталиште на кејот на Вардар, или поточно речено некогашното шеталиште на кеј, кој верувале или не - е затворено веќе цели 8 години. Затворено у времето на вемерето и нивниот „легендарен“ градоначалник Коце, а по се изгледа ќе биде затворено и понатака додека е времето на есдеесемот и нивниот градоначалник Петре.
( Сеа за сеа без придавката „легендарен“)

Затвореното шеталиште се наоѓа веднаш до галијата лоцирана на кејот у центар карши поштата... и карши банката... и карши хотелот... и карши тоа зградата која не ни знам што е... и многу други карши и задава огромни проблеми на пешаците, трчачите, посебно на велосипедистите, а у последно време и на тротинетистите, кој кога ќе дојдат до ова место за да продолжат понатака мора да се качат со нозете, точаците и тротинетите на плоштад и да продефилираат кроз него за да стигнат до следното место каде што можат повторно да се спуштат доле на кеј.

Со доаѓањето на новиот градоначалник Петре (Нелегендарни) малце се понадевав дека овој хаос у овој дел од градот барем малце од малце ќе се среди меѓутоа ко слушнав дека сепак тука ќе продужи да се гради мост на кој првобитно требаше да стои панорамско тркало сите мои надежи дека ова шеталиште конечно ќе стане пролазно паднаа у Вардар. (Тука некаде кај Галијата паднаа моите надежи, не знам дали ќе ги најдам некогаш. Можда Вардар ги однел некаде далеку)

Веќе можеме да ги викнеме оние од Гинис за да влеземе у нивната книга на рекорди, пошто толку мостови на растојание од неполн километар нема нигде. (Добро, можда у Кратово има поише) Ако не сум јанлаш мислам дека се 5 моста. На секои 100 метри мост. Поише мостови него шетачи, ке мора да го населиме Скопје уште малце. А шеталиште како ова на кеј да биде непроодно толку години, е тоа дефинитивно ни у Кратово го нема. Како и да е вие бидете така, градењето продужуе.

Затвореното шеталиште на кеј Затвореното шеталиште на кеј Reviewed by Skopski Solidarec on 04 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)