Technology

Аман бре градоначалниче немој

Аман е вид збор, извик. Се користи у ситуација за изразување молба за милост, прошка или помош. Ми текна на овој збор коа прочитав дека градоначалникот на Скопје планира да гради зиплајн жицница која ќе се спушта од Музејот на Кале преку Вардар до Градски стадион. Со познатото излитено објаснување дека со тоа ќе ја збогатувале туристичката понуда на градот. Коа го прочитав ова ми дојде да викнам - Аман немој!!! Аман бре градоначалниче!!! Аман бре градоначалниче немој жифти све!!!

И кај ќе идат со тоа зиплајнот над Скопје? Абе ќе се собираат копиљаци одоздола и ќе ги гаѓаат со чатали. Ќе пукне брука. Странциве ќе постираат по Фејсбук - Донт гоу ин Скопје енд донт драјв вит Зиплајн, деј шут вит Чаталс. Башка ќе тртнат некој странец по глаа па ќе почнат и тужби да летаат. Инвестицијава ќе биде жив зијан. Можда единствен бенефит ќе биде шо омладинциве и омладинкиве дремењето пред компјутери и телефони ќе го заменат со нова физичка активност, гаѓање странци на зиплајн со чатали.

После тоа долго размишљав шо се дешава со луѓево ко ќе седнат у то градоначалничката фотеља на Скопје. А седнат у нејзе све им навираат некои фикс идеи. Можда па не е до луѓето, до фотељата ќе да е изглеа. Треба да и кажеме на чистачката ко ќе си отиде градоначалникот дома да земе и да ја однесе фотељата на бајачка. Да се надеваме дека после тоа фикс идеите ќе бидат минато.

Па аман бе луѓе имате ли исав. Го напрајвте градов Циркус. Ма да е циркус добро е, ова ни у циркус го нема. Ко ќе сте у опозиција критикувате и жичари и зиплајни и сечење дрва и градење згради и све. А седнете у тоа фотељите све тоа ви станува нормална работа и ги упражњавате истите работи као предходниците, а кои до вчера сте ги критикувале. Као да немало избори, као да не дошол нов градоначалник на Скопје, све е исто. Па тогаш нека нема избори, мењавајте се секоја година барем ќе се заштедат пари шо се трошат за истите ако ништо друго.

Знам дека ќе звучи офуцано и банално, али мислата ќе ја завршам со - па добро бе, имате ли попаметна работа? Аман више!!!


Сликата е преземена од  Planica

Аман бре градоначалниче немој Аман бре градоначалниче немој Reviewed by Skopski Solidarec on 12 март Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)