Technology

16 миљони причини зашто не треба да се гради мост во Аеродром - Втор дел

Една од главните причини зашто пак треба да се гради Мост во Аеродром преку Вардар до Гази Баба според градот Скопје и дoбaр дел oд Скoпјaни, Битолчани, Охриѓани, Прилепчани, Тетовчани, Кратовчани, Пехчевци, Кочанчани и други жители на Скопје е дека со тоа ќе се намалела гужвата кај мостовите кај Транспортен и мостот Близнак (кое еве да признам можда држи вода), а со тоа и емисијата на штетните гасови од колите и со тоа ќе се намалела загаденоста. Али дали е така?

Тука градот Скопје ја демантира владата и министерот Анѓушев кој официјално искочи со информација дека најголем загадувач у Скопје е загревањето зиме, односно домаќинствата кои се греат на дрва, ќумур или гуми. Па тек после автомобилите и индустријата. (И да бидеме искрени тоа е така, мада мојата теорија е за нијанса поинаква - види тука) Да не е така и преку лето ќе имавме загаден ваздух. Пошто и летен период се возат коли, и летен период се ствараат гужви по улициве. Самата изјава на Анѓушев кажува од каде треба да се почне во справување со загадувањето. Шо би рекле Енглезите First things first. Затоа министерот Анѓушев уште ќе додаде дека затоа е важна гасификацијата и тука треба да се дејствува. Никаде не се спомнуваат мостови како решение за загадувањето.

Тоа како прво, како второ како што веќе рековме министерот Анѓушев  го спомнува и проблемот со автомобилите како загадувачи. Најштетен момент бил увозот на стари автомобили. Тука ќе изјави дека ако се откажевме од четири лава на мостот, а тоа се 8 миљони евра, тие пари би биле искористени за субвенциии за купување на автомобили кои работат на гас и електрична енергија. (Ни тука не се спомињаат мостови како решение) Ете добра можност град Скопје да се откаже од мостот и 8 миљона евра да се искористат за субвенции на автомобили. А тука ќе останат башка плус 8 миљона евра кои се планираат да се дадат само за обештетувања на имотите у Ќерамидница. Тоа се многу субвенции. И многу закрпени улици по градов.

Да резимираме. Можда со новиот мост на Вардар ќе се растеретат мостовите кај Транспортен и Близнак. Меѓутоа дали некој може да гарантира дека после гужвата нема да се пренасочи кај новиот мост. Дали може некој да гарантира дека после таму нема да се ствараат километарски колони и застој. По тој мост ќе идат и тие шо треба и тие шо не треба, пошо ново си е ново, секој ќе сака да шиба по нов пат. А гужви имало и увек ќе има. Кој му сметаат гужвите нека се качи на точак и нека тера. И мене ми сметаат гужвите али никој не ме присилува да идам со кола. Подобрување на јавниот превоз е еден од подобрите начини да се намалат колите на улица. Еден полн автобус, 100 коли помалце на улица.

Не знам што ќе одлучат од град Скопје, али не верувам ако изградат нов мост у Аеродром дека ќе се намали загадувањето. Да беше Коце градоначалник, а Шилегов опозиција, вториов ќе изјавеше - веднаш да се престане со градба на мостот и парите да се пренаменат за гасификација на Скопје, и у право ќе беше. Со 16 миљони евра ќе се гасифицира цел Аеродром ако не и више. Овој период сега плаче за отпочнување на гасификација на Скопје. Ако градоначалнициве имаа оправдање зимава, демек биле нови и неможеле да се справат за кратко време со загадувањето, веќе следната зима кога ќе почне пак загадувањето ќе немаат више оправдања. Квиското веќе го искористија. Затоа прво првите работи, па после другото, шо би рекле Енглезите.

16 миљoни причини зaштo не требa дa се грaди мoст вo Аерoдрoм - Прв дел

Прочитано 8135

16 миљони причини зашто не треба да се гради мост во Аеродром - Втор дел 16 миљони причини зашто не треба да се гради мост во Аеродром - Втор дел Reviewed by Skopski Solidarec on 29 март Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)