Technology

ДОАЃАМЕ! - Масовен граѓански ПРОТЕСТ (Краток Осврт на Настанот)


Митингот на Опозицијата одржан на 17 Мај помина у најдобар ред. Ниту беше насилен, а уште помалце Крвав како што предвидуваа некои. Од Крваво Сценарио немаше ни К. А Народов за да се исплаши не му треба многу, па веруем дека баш поради тие причини затоа и некои не искочија да поМитингуваат малце и да се размрдаат. Клупите за седење по Маалата и Парковите да добијат Слободен Ден и да одморат малце од Нив.

А ја пак Ќе се сложам со себе дека ова беше еден од помасовните Митинзи кај нас. Да имаше вакви Митинзи почесто од 91 па навака без разлика која Партија е у Опозиција ќе бевме многу подобро место за живеење. Меѓутоа ја сакам друго нешто да кажам. Нешто у врска со Организацијата на Митингот.

Митингот започна на Време како и што беше најавуван, а Атмосферата беше на ниво. Почнаа да се редат Говорници како и на секој ваков Митинг. И све ќе беше у ред да не се наредеа премногу Говорници. Се редеа Глумци, Режисери, Новинари, Људи незнани и знани, па Прецедатели на Невладини, Водители и други. Некои од Говорниците успеаа да ја подигнат атмосферата додека пак други рука на срце немаат таква дарба. А башка треба и Глас да се има, па ко ќе ВИКНЕШ да те чујат сите Јасно и Гласно.

Али ова со Говорниците можам да го разберам, така е на секој Митинг. Али пак она со Хумористички Групи, Рок Бендови, Белизе Бендови, Народњаци, тоа не можам. Па дури мини концерт одржа и некој си алтернативен рок бенд. Скроз на скроз непотребно. Замисли како се осеќале оние Митингаши што биле дојдени од по Селата, а ти им пушташ Алтернатива. Да не си им у Кожа.

Што се мене тиче и тоа ќе беше у ред али да не беше Времето Топло и Спурно у Скопје. А да стоиш неколку саати на такво време на Скопски Асфалт у едно Скопје уништено со Бетон не е баш препорачливо. А како што Народов не научи на Спурно време да конзумира поише вода не ретко можеше да се види како некои паѓаат у Несвест како Круши. Паѓаа претежно Постари али паѓаа и Помлади. Али тоа дека у Скопје више не се дише на сите ни е познато.

Стварно требаше кондиција да се издржи неколку саати на такво време и да се дочека Лидерот на Опозицијата да се обрати пред насобраните. И тука пак ќе се сложам со самиот себе а веруем и со многу други дека добар дел не успеаа да го дочекаат Говорот на Заев. Не зашто не сакаа туку едноставно не издржаа. Опозициониот Лидер се обрати пред помалце Народ него што имаше на почетокот на Митингот.

Поентата ми е дека на вакви Големи Митинзи, а поготово на такво Спурно Време прво треба да се Обрати Лидерот на Опзицијата па тек после него сите други. Пошто увек у првите Сат Два Митинзите се најпосетени и концентрацијата е најголема. Све после тоа откажуваат нозе. То е исто кога глеаш филм. Првите Два сата се издржува после све потешко и потешко. А не пак на Митинг кога стоиш а времето како у Сауна. Така треба да биде и со Митинзите, у никој случај не смеат да траат подолго од Сат и Триесет Минути, Максимум Два.

Од друга страна пак, ако више се одлучило тој да се обрати последен, сите пријавени Говорници пред него не треба да зборуваат подолго од еден саат сите заедно. И најважно Без Песни, без Рок состави, без Бендови и без Хумор, пошто да бидеме реални на никој не му дошло до смеење. Секој да каже кратко и јасно што му лежи на срце и то не подолго од 5-6 минути. А у двата случаеви Народњаци, Песни и Ора, Алтернатива на крај. Па кој може да издржи нека слуша. Од Музика само Химната на почеток и ништо друго.

Не иде сите оние што пројавиле желба или биле поканети да учествуваат на еден Масовен Митинг како овој на Опозицијата да Говорат пред поише Народ него еден Лидер на Опозиција. Народот доаѓа највише него да го слушне.

Ова го кажувам чисто онака за друг пат. Организаторите да обрнат малце поголемо внимание како ги организираат ваквите Митинзи. Оние што биле тамо јасно им е што сакам да кажам.

ДОАЃАМЕ! - Масовен граѓански ПРОТЕСТ (Краток Осврт на Настанот) ДОАЃАМЕ! - Масовен граѓански ПРОТЕСТ (Краток Осврт на Настанот) Reviewed by Skopski Solidarec on 17 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)