Хипокритова заклетва

А дека докторите лажат - лажат. Абе не да лажат него сушат. Да може Хипократ да ги види од негде има 80 посто од докториве на клоци да ги избрка од работа. И за таа пригода Шпицурајки ќе облечеше. Нашиве доктори како да полагале Хипокритова заклетва а не Хипократова. Па зато станале Хипокрити.
Знам за случки како доктори ваделе од памет пациенти и им давале погрешни дијагнози само зато да ги пратат у некоја аптека каде што демек само тамо ја имале таа некаква маст која коштала 700-800 денара и јаче. Додека се свестат летнале парите. А замислете, само усно го кажувале тоа, а у официјалниот документ стоела правата дијагноза за која нормално и немало потреба од таква скапа маст. Си ибале мајката. Какви лажови работат по болнициве то е чудо едно.
Не би било лоше на прегледи да се иде со укључен телефон. Нека снима додека трае прегледот. Што побрзо се раскринкаат ваквите доктори то побрзо ќе имаме боље здравство. Не може да се заработува на туѓа мака. Ах да може Хипократ да ги види од негде.
Здравството ни е катастрофа, да не се лажеме. Како државното така и приватното. Се помалце и помалце асални доктори имаме по болнициве. И у државните и у приватните. Све што вреди фати фитиљ од државава. Зато и со право се надеваме дека новиот министер за здравство Таравари под хитно ќе почне да го оправа здравството кое више одамна се наоѓа у кома.
Хипокритова заклетва
Reviewed by Skopski Solidarec
on
12 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.