Препораки на град Скопје за загадениот воздух

У продолжение прочитајте ги мерките кои ништо нема да променат и со кои ќе си се труеме и понатака.
Препораки до граѓаните:
- возилата да не се користат без потреба;
- повеќе лица да се возат во едно возило;
- да се користи јавниот превоз;
- за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал;
- да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци;
- печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;
- редовно да се чистат оџаците.
Препораки за заштита на здравјето на луѓето:
Практикувањето одредени работи во секојдневното однесување може да го зачува здравјето на луѓето и да придонесе за намалување на времетраењето на епизодата со високи концентрации на загадување:
- Избегнувајте користење автомобил, доколку е возможно, претпочитајте јавен превоз, со цел да се намалат емисиите на PM10;
- Посебно доцна навечер или рано наутро кога концентрациите на PM10 можат да го достигнат максималното ниво, препорачливо е да се избегнува долгорочна изложеност на отворено;
- Доколку луѓето имаат повеќе од еден систем за греење во домот, пожелно е да се избегнува употреба на цврсти горива во текот на критичниот период со зголемени концентрации на PM10;
- Треба да се одложат сите активности на отворено, доколку не се итни.
Препораки до институциите и правните субјекти:
- да се зголемат инспекциските контроли на инсталациите во надлежност на МЖСПП и општините во градот Скопје;
- да се зголемат инспекциските контроли на субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби;
- да се зголемат и спроведат вонредни инспекциски контроли на градилиштата во надлежност на општините;
- да се спроведува зачестено чистење на улиците и пешачките површини во надлежност на општините во градот Скопје;
- доставата на стоки со возила да се извршува пред 7:30 или по 18 часот;
обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот;
- да се зајакнат вонредните контроли на МВР во однос на техничката исправност на возилата за кои се сомневаат дека имаат зголемени емисии на штетни гасови;
- да се зголемат инспекциските контроли на оџаците во домаќинствата, објектите и индустриските и занаетчиските постројки од страна на државните инспектори за заштита и спасување;
- сите правни субјекти (административни и јавни установи) што за затоплување користат уреди за согорување – котли, истите да ги контролираат за обезбедување оптимален режим за согорување, пропишан со стандардите, со што нема да испуштаат загадувачки материи;
- да се откажат/одложат големи јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено.
Препораки на град Скопје за загадениот воздух
Reviewed by Skopski Solidarec
on
07 новембар
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.