Technology

Лажни вести во време на Корона

Не верувајте на се што ќе прочитате деновиве на интернет. Цел интернет е преплавен со лажни вести и непроверени информации. Последната небулоза што се споделува е тоа дека Британскиот министер за здравство набавувал тестови од фирма од Луксембур која објавила дека комплетите се контаминирани. Една од личностите (иначе од Македонија) која го споделува ова со коментар заклучува дека и Македонија набавува тестови исто така од Луксембург. Значи нема благе везе. Овде имаме 3 во 1. Три неточни информации во еден текст. И за Британскиот министер, и за тестовите дека се контаминирани, а и за нас дека набавуваме од Луксембург. Што ги тера луѓето да споделуваат вакви глупости? Дали намерно го прават тоа за да создадат паника или пак се влезени во некаков филм од кој не можат да излезат. Верувајте им само на информациите кои доаѓаат од официјалните институции и нормално почитувајте ги мерките за заштита од Корона вирусот за побрзо да си одиме дома. Односно да излеземе од дома.

Лажни вести во време на Корона Лажни вести во време на Корона Reviewed by Skopski Solidarec on 05 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)