Technology

Историски Тв Дебакл


Пред некој ден го гледав историскиот тв дуел на Љ. Георгиевски и П. Богоевски. Историски не ради тоа што овој дуел ќе влезе у историјата како нешто досега невидено односно досеа неслушнато, далеку од тоа, туку ради тоа што на овој тв дуел се дискутираше за македонската историја. И што научив ја од овој тв дуел? Научив дека ние сме единствената држава у свет каде што на една македонска национална телевизија може да биде поканет тип да застапува анти државни ставови, у случајов да пропагира анти македонска историја која нема ни 1% вистинитост у нејзе. 

  

У ниедна нормална земја како на пример Америка, Германија, Англија или било која друга земја ваквонешто ни у филм немаше да се дозволи. А пак у Русија, Северна Кореја, Виетнам или Куба такво нешто не на филм, туку ни у сон не може да се деси. Али на некој ипак и да му се деси да сања такво нешто следниот ден обавезно иде самоиницијативно на психијатар. Не е добро да се сањаат кошмари. 

 

На овој дуел Љ. Г. упрно ни даваше до знаење дека ние таа историја што сме ја учеле е комунистчка, српска и југословенска и дека не е точна и дека треба еднаш засекогаш да ја баталиме а да ја прифатиме неговата, про бугарската. Меѓутоа за негова штета таа историја која он ја нарекува југословенска е уствари македонска. Он може да ја нарекува како сака али вистината е таа, тоа е македонска историја. А тоа што се изучувала и у југословенско време уопште не ја намалува нејзината вистинитост. 

 

Меѓутоа мене нешто друго не ми е јасно. Зашто и после 30 години од распадот на Југославија некои типови се сеуште опседнати со таа југославија? Ќе ви кажам зашто? Зато што у таа Југославија односно Македонија ќе беа никој и ништо. Зато што у таа Југославија односно Македонија за изнесување анти државни ставови кривично се одговараше. Зато што у таа Југославија односно Македонија беше незамисливо да се опљачка државната сопственост и потоа да се биде просечен бизнисмен. Зато што у таа Југославија односно Македонија кривичните дела не застаруваа. И најпосле зато што у таа Југославија односно Македонија се живееше многу подобро отколку у оваа Македонија која таквите типови ја уништија и ја доведоа до просјачки стап. Нели?

 

Историски Тв Дебакл Историски Тв Дебакл Reviewed by Skopski Solidarec on 06 март Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)