Technology

Теорија на заговор за мостот Беласица

Не сомневајќи се воопшто во стручноста на Професор Гаревски кој ја врши проверката на мостот Беласица, јас како лаик кој од мостови се разбирам само како да поминам преку нив сепак морам да се запрашам после неговото интервју дадено за А1ОН зошто сега ваква контрадикторност во неговите изјави? Самиот он тврдеше дека многу брзо ќе може да се пушти една или две ленти за возила а сега го тврди спротивното.

Зошто во ова збунувачко и неразбирливо интервју нашироко објаснува какви проверки ќе треба допрва да се прават на мостот каде што слушајќи го така се добиваше впечаток дека досега всушност ништо и не се работело? Иако сепак на крај се се сведе на тоа дека ќе треба само лесна санација.

Самиот он кажа дека експертизата ќе трае 20 дена сега испаѓа дека ќе трае најмалце уште толку.

Од каде знае он дека пожарот настанал и се проширил од запалените алишта кои се наоѓаат под мостот?

Зошто ако било потребно досега не се отстранети цевките под мостот и дали сега поради тоа експертизата и санацијата на мостот ќе се одоговлекува до недоглед? Ова со цевките е нов момент кој досега од Гаревски не беа спомнати дека ќе бидат проблем за експертизата.

Зошто на денот кога треба да го предаде извештајот за проверката на мостот он го пролонгира за следната недела?

Ако он ги давал информациите на Данела за состојбата на мостот и неговото пуштање во употреба (а кој друг би ги давал) зошто веќе следниот ден ги демантира?

Нејсе.

Ова мене се повеќе почнува да ми личи на некаков заговор како од Холивудските филмови. Дали е ова некакво смислено сценарио што подолго мостот да биде вон употреба? Не сакам да верувам дека професорот Гаревски учествува во таквото сценарио ама работава ми станува многу сомнителна.

Сепак и покрај се за мене најбитно нешто е - до каде е истрагата и кој го запали мостот Беласица?










Теорија на заговор за мостот Беласица Теорија на заговор за мостот Беласица Reviewed by Skopski Solidarec on 20 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)