Советник со инатење не бидува
Во ист ден заедно со изгласувањето на помош за Фк Вардар, советниците на Град Скопје изгласуваат и нешто кое исто така не може да се оствари во практика а тоа е покачувањето на платите за 5000 денари за градската администрација. Не дека некој не сака овие две работи да ги реализира туку не може. Не е изводливо.
Советниците се собираат еднаш месечно и за тоа земаат паушал од неверојатни 500 евра. И што сработуваат? И тој еден ден у месецот го арчат за ништо.
Место да се соберат (пред се ова важи за советниците од Вмро и Сдсм како најбројни партии у советот) и да изгласаат набавка на нови автобуси они расправаат за нешто што не е нивна работа као ова со покачување на платите. А точката за набавка на автобусите веќе не ја ни ставаат на дневен ред.
Советник со инатење не бидува и ова е најнепродуктивниот совет на град Скопје досега. Ако воопшто и имало продуктивен совет за овие 30 години.
Советник со инатење не бидува
Reviewed by Skopski Solidarec
on
23 јул
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.