Technology

Пишман Петре Дувни Ветре

Петар Гошев е еден од онаа генерација на политичари кои ја наследија онаа стара гарда на СКМ/КПЈ кои ја направија македонската држава после војната и кои некаде на почетокот на 80те години полека почнаа да се повлекуваат од политиката односно да се пензионираат. Наследија и упропастија се. 


Петар Гошев е човекот кој на тацна му ја остави СКМ-ПДП односно СДСМ на Бранко Црвенковски за потоа да глуми со години да не речам со децении дека е против и у конфликт со него. 


Петар Гошев е човекот кој заедно со Љубчо ги бојкотираше изборите во 1994 година и со тоа му оставија на Бранко Црвенковски одврзани раце со освоени 100 пратеника да прави што сака со државата. Тие години се спроведе и најкриминалната приватизација во свет. Без опозиција у парламент тоа идеше као подмачкано. Подоцна Бранко му се оддолжи со тоа што ќе го постави за министер за финансии а веднаш потоа и за гувернер на народна банка. 


Петар Гошев е човекот кој у сдсмовските кругови и пошироко беше познат под прекарот Пишман Петре. 


Што се однесува на фељтонот уште од самиот наслов на првиот дел (После АСНОМ ни ги зедоа граѓанските права, а во 1991 година сакаа од Македонија да направат бановина!) се гледа одма у кој правец ќе се движи писанието кое го започнува во оној стил како и што дејствува сите овие изминати 30 и кусур години, со демагогија и лажење односно народски кажано со лижење кај што плукал. 


Би го прашал Пишман Петрета нешто, а на кого тоа комунистите му конфискувале кога дошле на власт после војната? На оние 80% неписмен народ?, или можда на оние 99% сиромаштија што немало куче кај да ги гризне и кој што рмбале по цел ден само за да се прехранат? Или конфискувале на оние предратни буржуи кои се богателе врз грбот на народот? и на оние ратни профитери кои соработуваа со фашистите? 


Кој граѓански права ни ги зедоа после АСНОМ? Оние граѓански права пред втора светска војна што ги имавме? Што ти зедоа тебе после АСНОМ, а Пишман Петре? Што тебе лично ти фалеше во Социјализмот? 


Да се разбереме комунистите правеа грешки, една од тие грешки беше и поставувањето на типови како Пишман Петре за нивни наследници после нивното пензионирање. Тоа беше катастрофална грешка на таа славна генерација на комунисти што подоцна ќе доведе до растурање на Југославија. 


Крај на првиот дел од фељтонот: Пишман Петре, Дувни Ветре



Преземено од ФБ со дозвола на авторот

Пишман Петре Дувни Ветре Пишман Петре Дувни Ветре Reviewed by Skopski Solidarec on 26 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)