Technology

Ова што го гледате на сликата е само дел од денешниот наплив на Фејк Њуз илити Лажни Вести за потребите на серијалот Хајка против Данела

Ова што го гледате на сликата е само дел од денешниот наплив на Фејк Њуз илити Лажни Вести за потребите на серијалот Хајка против Данела по сценарио на нашите квази новинарчиња а по нарачка на одредени таканаречени партии. Ја избројав околу 7 различни лажни вести досега и стварно е невозможно да се искоментираат сите пошто денеска стварно нашиве Фејкњузери се надминаа самите себеси.

Али еве како најглуп од мноштвото глупи Фејк Њуз текстови ќе го издвојам оној на А1 ОН каде што нашироко и надолго се обидуваат да докажат дека автобускиот превоз не му е потребен на Скопје пошто тоа било надмината работа и за таа цел ангажираат некој анонимус универзитетски професор кој највероватно ни по дома не го знаат дека е професор да објаснува дека набавката на нови 250 еколошки автобуси немало да го подобри јавниот превоз во Скопје па наместо автобуси требало да се бара нов вид на јавен превоз. Нормално не кажува кој е тој нов вид.

За текстот да биде уште поглуп земале изјава и од Шилегов кој тврди дека истиот учинок може да се има и со 50 автобуси наместо 250 ако се направела трансформација на ЈСП. За овој предлог на Шилегов можда ќе можеше да му се одбие на глупост ако бевме излапени идиоти кој заборавиле дека само до пред 2 години он беше градоначалник на Скопје и можеше комотно да направи трансформација на ЈСП кој ќе функционира само со 50 автобуси.

А ја се чудам зошто баш сега почнаа на големо да не убедуваат дека 250 нови автобуси и бесплатното возење немало да го реши проблемот со јавниот превоз во Скопје?








Ова што го гледате на сликата е само дел од денешниот наплив на Фејк Њуз илити Лажни Вести за потребите на серијалот Хајка против Данела Ова што го гледате на сликата е само дел од денешниот наплив на Фејк Њуз илити Лажни Вести за потребите на серијалот Хајка против Данела Reviewed by Skopski Solidarec on 15 октобар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)