ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ НА ГРАНИЦА ГО ОСТАВАМЕ

Псовките од типот „Маму им ебам грчка“ или пароли од типот „Аце е наш“ чим почне сезоната одма ги ставаме Ад Акта за да ги подзаборавиме, случајно да не ни излета док сме у Грчка па да настане куршлус.
А она што не им успевало на нашите предци тоест да ги освојиме, нам ни успева секое лето. Вакво освајање на една земја не е забележана у понова историја. Може слободно да кажеме дека несебично му помагаме на нашиот најомразен сосед да се спаси од банкрот. А од нас ако чекаат...
Него прво што правиме пред да тргнеме у Грчка? Прво идеме у некој од супермаркетите и купуваме све што е у конзерва до таа мера колку што може да собере гепекот. Ние иначе сме единствена земја у свет каде што конзервата се троши највише у лето. И док конзервната индустрија трља руки, ние со пуни гепеци лимарија тргаме у поход.
Нормално за подигање на атмосфера за по пут зимаме неколку ЦД_иња Грчка музика, откако предходно напорно сме вежбале сиртаки за да покажеме дека сме бољи у играње и од самите Грци. И Гркот Зорба лично и персонално би ни позавидел. После напорно вртење у круг а пред да не фати вертиго од тоа сиртакито палиме колите, жената напред децата позади и тргаме.
По пут мора да се договори и стратегија за ко ќе стигнеме на граница да нема никакви изненадувања. Ништа нас не сме изненадити, така не учеа. Прво ги едуцираме децата.
- Деца, ко ќе стигнеме на граница треба да покажеме дека сме музикални, зато вежбајте, ајде три - четри, - МАРИЈА МЕ ТА КИТРИНА... згрмуваат децата.
А ти невесто вежбај го тоа осмехот за кога ќе ни ја залепат тоа налепницата ФИРОМ ти само ќе се кезиш и ќе климаш со глава демек она - па нормално е тоа, па така сме примени сегде, сеа шо јес јес. Јасно? - Јасно!
Еве, стигаме на граница без паника, жено кези се, деца песна. - МАРИЈА МЕ ТА КИТ.....
- Good afternoon се обраќа граничарот отпоздравувајќи со раката.
- ДОБАР ДЕН (сите у глас) хау ар ју, најс кантри, успеваме нешто да кажеме бришејќи ја потта од чело.- Business or pleasure? прашуе граничарот.
- Плежр, плежр - еве, малку да се избањаме... чилдрен... знаеш како е, уфф жешко многу.
- From Macedonia, a?
На тоа прашање одговараме спремни као напета пушка: - Фром Скопје друже. Него како, фром Скопје.
- Ok, Skopje Macedonia i have cousin there.
- Не бе мистер, од Скопје, каква Маседонија нема везе. Пиши таму Скоо-пје.
- Yes, yes i know... Skopje, Republic of Macedonia.
Жената од сувозачко дофрла - Пазиии не провоцира, немој да си спомнал Македонија ќе не врати 100 посто. Не попуштај, ова им е нова финта.
Е ама ние не се провоцираме така лесно, од Скопје сме и тачка.
- Ok, ok have a nice vacation and... Welcome to Blgarija.
- ?????
- Еми зашо говориме Англиски когато се разбираме. Пријатна почивка. Довиждане.
Абе токмак еден викна жената, ти си ја утнал државата, па како си можел да го згрешиш патот абдал еден.
- Абе да ти ибам и обиколница и знаци и сигнализација и... глеам ја нешто окапавме по пут. Сега каде, прашува жената, да се вратиме, ќе идеме у Охрид.
- Никако, денар не оставаме тамо. Идеме само напред, да истражиме нови светови и нови цивилизации, да идеме тамо каде што ниеден Фиромец не бил досега.
- Деца песна!!!
Eдно, две, три
Минаха години,
без да те забравя аз,
чакам те да дойдеш,
чакам те със буйна страст.
ПС. Како и да го сфатите ова наравучението е едно.
Летувајте каде сакате, не е ваша кривица што сте доведени на такво дереџе.
И да проголтате понекад некоја кнедла не е срамота. Кога можат оние шо ви продаваат патриотизам да идат у Грчка можете и вие.
Гледајте на вас и на вашите најблиски да ви биде убаво.
СРЕЌНИ ОДМОРИ
ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ НА ГРАНИЦА ГО ОСТАВАМЕ
Reviewed by Skopski Solidarec
on
28 јун
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.