Technology

КЉУЧ У РУКА МАРА ЗА РУКА

Јули 2012 изгор лето. Листајќи ги новините на пеколни температури од над 40 степени и само што помислив дека добро би ми дошол еден ладен туш, кога ете ти, вниманието ми го заврте еден текст кој вели “ВИСОКОКАТНИЦИТЕ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ ДОБИЈА ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА„- поладен туш од тоа здравје. Ова го објавил на прес-конференција у сред Скопје никој друг туку лично и персонално Прилепчанецот Миле Јанакиевски. Ќе ги граделе некоја си Турска градежна компанија. Ашколсун. На здравје нека ни е. И што е најтрагично пак го најавуваат како инвестиција. Значи Булдожерот продолжува да ора.

Булдожер Скопски непријател бр.1. Толку зло има нанесено на овој град што веќе е редно да се распише потерница по него. Се бара исправен или расипан.
Наградата за оној кој ќе дае било каква информација за овој бескурпулозен профитер е плац со куќа некаде у источниот дел на Македонија. Ако има пари да си ја купи. Зашо? Па со оглед на тоа дека Скопје станува неподносливо место за живеење, единствен спас ќе биде бегање натака. Ќе трчаме за да забодеме колец у плацот како Том Круз у филмот „Far and Away“  и ќе основаме нов град Њу Скопје. Па шо и Америка така е создадена па шо и фали.

Булдожерот да ви кажам право не знае за партии, он ора сегде, не ебава жива сила. Еве чист пример, ора и у Аеродром и у Центар, каде што е позиција, а ора и у Карпош каде што е опозиција на власт. Ви кажувам гнида од машина. А Скопје врие од машини  Трансформерс и Терминатор може вода да им носат. А видиш чудна работа, сите критикуваат дека се граделе споменици, ако нека критикуваат, а што е со оние згради што се градат, трговски центри, секое слободно место у градов е узурпирано, се уништија маала, паркови, нема зеленило, не се дише више, Водно се уништува,  станува полека планина на гневот и како у некој хорор филм има сите да не проголта, абе се уништи душата на еден град, се даваат дозволи за градба како автобуски карти да се. За тоа никој не криктикува ниту дискутира, ни новинари ни политичари, никој, сите мудро ќутат. Ама и ние ќутиме како мулиња. 

Па кој ќе пазари у тие силни трговски центри, едино ако мислат уште народ да увезуваат. Уште ли народ ќе доѓа. Аман више. Е ќе доаѓаат и тоа не само од Македонија, највероватно и од други држави. Сигурно не ги прават за нас едвај крај со крај што сврзуваме. Скопје се ближи до цифрата 1 милион жители, а следниот град по големина дали има едвај 70-80 илјади. Па зар мислите дека Македонија може да опстане ако цела популација од државава се досели у Скопје. Ја не. Градење на едно пирамидално Скопје е проблем нумеро уно. Скопје е едно големо градилиште веќе 30 и кусур години. Ако не и јаче. Некој има интерес од тоа. Некој врти огромни пари од ова населување и нормално од оваа градежна каша попара. 

Ако сакаме Македонија да опстане време е Скопје да се затвори и да се престане со издавање дозволи за градба. Дури ќе треба и да се руши за да се врати градов у колку толку нормална состојба. Не е доволно веќе да избереме само градоначалик кој по принципот где ја стадох ти продужи ќе ја извршува функцијата, туку треба да го земе клучот у рака и да го закључа градов да може само да се излезе никако да се влезе. Море и таков катанец да стави ако треба да не може со брусалица да се скине. Што, претерувам. Не речи двапати. Што сакам да кажам? Дека Скопје е пренаселено, тоа сакам да го кажам. Единствен град у свет што ќе има повеќе жители него целата држава.   

Скопје да ми простите се дави у гомна. Тамам сте помислиле дека некоја улица е асфалтирана, ете ти, пукнала цевка. Кај може да издржи. 10 иљади души на една цевка. Поготово Скопската цевка најизложена е у зима кога со секое идење у вц се испуштаат отровни супстанци, мешавина од кисел купус, кисели краставици и туршија, такви киселини се испуштаат па нормално дека ќе пукне, да беше од  Криптонит направена ќе пукнеше. Тоа е темпирана бомба, нема шала со тоа.

Ама ние ќе си ќутиме и трпиме и ќе научиме да дишеме на шкрги. Пошто и Водно кај и да е ќе го снема, а Скопје без Водно како жена без цицки. А Македонија без Битола, Охрид, Берово или Штип како маж без мандалото. Секогаш другите градови биле љубоморни дека у Скопје само се гради. Време е да кажеме - ај малку инвестирајте и у другите делови на Македонија, да не љубомори никој више. Она инвестиции го ставам под наводници. Ги заболе таквите за инвестирање, него парата лежи таму. Значи на следните локални избори хитно да си пратиме една депеша од газот у главата. Да се гласа за личност кој ќе се обврзе дека нема више да го гради Скопје па од која сака партија да е. Замисли, дојдовме до тоа дереџе да молиме да не се инвестира више. Па ова нигде го нема. На следниот градоначалник може само да му порачаме - Кључ у рука Мара за рука. Нема друго чаре. Али кој не ебе нас они си тераат по свое.


КЉУЧ У РУКА МАРА ЗА РУКА КЉУЧ У РУКА МАРА ЗА РУКА Reviewed by Skopski Solidarec on 09 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)