Technology

Скопје тур кафе кур

Потребно време за читање на текстот околу 10 минути, мање - више
 
После подолго време решив кафе да пијам надвор, негде на отворено. Си викам толку места се изнаправија редно е при крај на летово барем еднаш да дрмнам едно кафе под ведро небо на некој од Скопските дестинации кои се отворија у меѓувреме, да направам едно мини Тур Д Скопје. Речено - сторено. Дури излегов и порано, пред сонцето да ги покаже своите заби во права светлина. Се качив у еден од двокатните бусови на спрат и како што се одалечував од мојата територија на движење се повеќе имав чуство дека се наоѓам у некој друг град, неможев да го препознам. Неколку месеци да не помине човек поред некое место и одма никнува некоја грдосија која го оружнува и така веќе ружниот град. Одма ми стана јасна изјавата која вели - Скопје, веќе не е истиот град како што беше пред три или четири години. Веќе неколку години по ред Скопје е едно големо градилиште... Не се сеќавам кој ја кажа али у право е 100 посто. (Море знам кој ја кажа ама ќе си ќутам) Само незнам дал е кажана у негативен или позитивен контекст. Ако е у позитивен незнам тоа дали е за фалење. Али ајде, се убедив дека Скопје прераснува у метропола и така треба да биде. Нема бегање.

Се симнав кај градска и полека пешки накај жена - парк. Мајко мила, ако ми било непознато зашто го нарекле  Жена - Парк, сега ми е многу јасно зашто не треба више да се вика така. У жена - парк све мој до мојега. Али не се дадов и после првиот шок продолжив накај Триумфална капија. Си викам без разлика што немам извојувано ниедна победа на приватен, љубовен, работен и што ти ја знам каков план ќе поминам под нејзе па што сака нека биде. Како што поминував ми текна да одам на таа фамозна летна плажа на Кеј. Толку сум читал за старо Скопје и тогашната плажа што не би бил прав Скопјанец ако барем еднаш не ја посетам летово и ако ништо друго само едно кафенце да дрмнам и да го доловам чуството од пред Икс години. А и луѓето за кој андрак потрошиле толку пари за да не вратат назад у времето, редно е да им направам чест. Како што се движев по плоштадот ми проструи мисла дека овие малку претерале со враќање назад у времето али си реков не си ја тупи глаата со временски интервали ова го смислиле паметни луѓе кој си ти да оценуваш колку не вратиле. Хм, у право сум, и пред да забегам со оваа конверзација со самиот себе со измешани чуства го убрзав чекорот и правац градска плажа.

А плажа што да ти раскажувам со сите нишани - песок, кафичи, врби, чадори, лежалки како у времето, мада незнам како било тогаш али сигурно вака било. Што да ти кажам Ада Циганлија песок може да и носи. Седнувам у некој од кафичите и одма нарачувам кафе. Малку се разочарав кога го видов натписот “ЗАБРАНЕТО КАПЕЊЕ„ али ништо не може да ме разочара, ќе размислувам позитивно си реков... и така немам купаќи. Ми текна и парола за рекламен билборд за да се промовира боље плажава која би гласела отприлика вака - Не биди Геј иди на плажа на Кеј. Ај сега немој да идеш да те видам. Ќе им ја предложам на надлежните.

Додека чекав да стигне кафето случајно го начув муабетот од соседната маса. Детенце одприлика на 5 - 6 години упорно сакаше да ја праша нешто мајка му која задубена у некое петпарачко списание од типот кој кого оставил, со сите сили се трудеше да го игнорира. Мамо, мамо, мамооо, мааамооо упорен беше малиот. - Кажи бе злато, конечно проговори мајка му. Што е она у Ваудау, мамо? - Жалосна врба сине, без да дигне глава го удостои малиов со одговор. И кога помислив дека малиов задоволен со одговорот ќе продолжи со тоа што го правел предходно ете го пак. Мамо, мамо не тоа она дуугото. - Исто бе сине и тоа е жалосна врба. Не тоа бе мамо, она гоемото. Право да ви кажам и мене ме заинтригира што видел. - Кое големо, се одважи мајка му да дигне глава. Дигнав и ја, и шо да видам, ГОМНО.

Луѓе мои вакво гомно не сте виделе у живот, да ми кажуваше некој немаше да му верувам. Сум слушал дека у Вардар пловат фекалии али дека вакви грдосии имало тоа не сум знаел. Додека запрепастено гледав у тоа чудо од гомно кое плови така гордо како Скопје да го има ослободено и ич не му чуе, мајка му на малиов се трудеше да му го одврати вниманието, највероватно за да не доживее траума, а ја у меѓувреме закључив дека ова гомно не е можно да е од човек. Ма јок нема шанса, ова не можело да помине кроз клозетска цевка. Ова гомно мутирало највероватно при допир со водите на Вардар. Скраја да е али не е ваљда у Вардар да се испушта и нуклеарен отпад па дошло до ваква мутација. Ако гомново мутирало у Вардар тогаш работата е сериозна. Се е можно. Замислете гомно мутант го напаѓа Скопје. Качено на некоја висококатница у стилот на Кинг Конг а ние со нашава авијација покушаваме да го елиминираме. Али како што го гаѓаме тој све поише смрди. Градов и така смрди, уште тоа ни фали. Тоа би било борба со неравноправен противник Али ако мутира у Тинејџ Мутант Гомно Нинџа ни нема спас, канализацијата е нивна природна средина.

Или да предпоставиме дека е пуштено од човечки Газ и највероватно тој што го пуштил како да јадел грав со квасец а го солел со цемент па го исрал у каца и по пат на диверзантска акција го истурил некаде под некој мост. Мотивите не се познати. Ако е терористички акт требал у медиумите да објави комунике. Нешто у стилот - Ако до денес у толку и толку часот не ми бидат исплатени толку и толку евра вакви гомна ќе се пуштаат секојдневно до исполнување на сите точки од комуникето. Али тоа го отфрлив као неосновано. Пошто сите ние го пуштаме нашиот измет у Вардар и што треба сега да бараме пари. Со секое пуштање на вода од казанчето вршиме терористички акт. Баш не заболе кај иде гомното, само да не е у наша близина. Друг нека се секира.

Пошто сега се актуелни фестови не би било лоше поред Вардар да се направи и еден “Гомно Фест„ илити Гомнојада. Амбиентот е совршен за таква манифестација. Тоа би било атракција од невидени размери. У склоп на тоа ќе се организира и културно забавен блок. Ќе се избира Гомно хит на Годината. Победникот ќе го избира стручно фекално жири составено од најголемите сератори и загадувачи на Скопје. Како пропратна активност би можело да се организира и натпревар у прдење. Каде што со апаратите за мерење бучава што ги поседува градот би се добил идниот Мега прдеж. Гарантирам огромна посетеност и промовирање на градот у светски рамки. Па на  крај ко ќе му распалиме еден роштиљ, тоа гомна пловат а ние бутај, абе фешта ќе биде.

Од мојте усрани мисли ме освести гласот на девојката која ми го донесе кафето. Повелете, најдобро кафе имаме у градот. Си мислам можда кафето ви е најбоље не сумњам али со ваква панорама џабе. Ми се одмили и кафе и плажа и одлучив да сменам локација додека не се реши овој проблем со Вардар кој според мене би требало да се решава на фекално ниво пардон на локално ниво. А Скопје се дави у гомна, да се разбереме. Еве пример, тамам сте помислиле дека некоја улица е асфалтирана, кога ете ти, пукнала цевка. Кај може да издржи, 10 иљади души на една цевка. Поготово Скопската цевка најизложена е у зима кога со секое идење у вц се испуштаат отровни супстанци, мешавина од кисел купус, кисели краставици, туршија, такви киселини се испуштаат нормално дека ќе пукне, да беше од  Криптонит направена ќе пукнеше. Тоа е темпирана бомба, нема шала со тоа.

Пред да фатам џаде само си помислив до кога ќе работиме обратно. Прво правиме плажи на Вардар со поглед на фекалии а кога  ќе го чистиме не ми е јасно. Гледам плаживе у Охрид или Дојран се како у Шпанија па остана уште у Скопје да се направи плажа.

Море ајде ја да си видам каде сега да дрмнам кафе ќе му ја затерам пешадија и сигурно ќе ми текне нешто. Од толку шетање по Скопските улици замалку немаше да приметам дека денот полека почна да го нагрнува својот црн плашт и веќе беше редно тоа мое “утринско кафе“да го испијам негде. Пошто бев блиску ќе одам у новиот парк кај мостот близнак у Ново Лисиче. Како што се приближувам така си викам у себе дека сум донел права одлука. Народ врие. Си седнувам, доаѓа девојката што послужува и нарачувам и си уживам у погледот. Додека гледам у авионот што е поставен некаде на средина од паркот и баш се спремав со него да одлетам негде со паметот, баш пред полетување сметките ми ги расипа еден комарец. Тибам тоа комарецот, од толку луѓе кај мене ли најде да се гостиш. Замавнав како да смечирам у одбојка и го залепив како сликичка у некој албум и пак заедно со паметот се качивме на авионот и конечно веќе еднаш да му ја летнеме некаде.

Маме му ебам овојпат полетувањето беше ептен реално, дури и звукот на моторот можев да се заколнам дека го слушнав. Ззззззз, ззззззз, ззззззз... ??? Чекај малку ако е ова  звук на мотор тогаш нешто не е у ред со моторот у моја глава. Каков мотор какви бакрачи, комарец и тоа дупло поголем од тоа предходниот, нааа. Крф да сере, како со протеини да се хранел. Не е ваљда и комарциве да мутираат, па што е ова. Можда дошол да се освети за својот другар од ескадрилата кој храбро го положи својот живот у обид да се нагости таму кај шо не треба. Хм, не ми се верува дека се толку организирани и интелигентни, и само што ги растерав таквите мисли на заговор, еве ти уште еден и тоа директно у уво. Е ако ме нервира нешто то е комарец у уво. Се вртам према другите гости и ѕиркам онака под око шпиунски, како они реагираат на оваа инвазија. Сите со кисели фаци, али ако се работи за шема тогаш ќе се трпи. Додека ја шпиунирам инсективе работат, петти, шестти, седми, абе оваа док ми го донесе кафето ќе отечам целиот и ќе станам како тоа гомното у Вардар. Башка ја голорук, да имав барем Аутан со мене ќе беше друга песна вака... Море заеби и кафе и шема и како у амерички филм оставив пари на маса и фатив магла. Отидов ја дома да си испијам едно кафенце као и обично, нема боље од тоа.

Скопје тур кафе кур Скопје тур кафе кур Reviewed by Skopski Solidarec on 01 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)