Technology

БЕК ТУ Д ФЈУЧР

(НАВРАЌАЊЕ У ИДНИНАТА СО НАШИОТ, ВАШИОТ И НИВНИОТ ДОПИСНИК БЛЕЈД РАНЕР)

27. 04. 2021 година
- Доживотниот премиер на Македонија Никола Груевски денеска присуствуваше на поставувањето на јубилерниот 5000_ти споменик у општина Цементар. У таа пригода изјави, цитирам; - Дами и господа денеска можам со гордост да кажам дека конечно дојдовме до самиот крај на изградбата на Скопје 2021 (поранешно Скопје 2014). Сите оние што неверуваа дека на плоштадот може да собере 5 иљади споменици со ова ги демантиравме. Крај на цитатот.

Димензиите на споменикот се следни; висина 3 цм, со постоље 5 цм и должина 3 цм. Поради неговата големина не можевме да докучиме за каков споменик се работи но надлежните изјавија дека наскоро ќе излезат со информација за тоа на кого е посветен споменикот и додадоа дека на плоштадот би можеле да се пронајдат уште околу 17 места за поставување на  споменици со тие димензии. Со поконкретни информации наскоро се очекува да излезе човекот што вети дека ќе ги пронајде тие слободни места за поставување споменици, познатиот македонски археолог Паско Индијана.

Инаку да спомнам дека се работи за обезбедување на уште едно возило за прва помош кое ќе дежура на плоштадот за да реагира во случај ако некој од оние невнимателни граѓани ја закова главата у некој од спомениците. Воедно се повикуваат сите заинтересирани да се пријават на курсот за скијање на суво каде што ќе се изучуваат дисциплините спуст, слалом и велеслалом се со цел да се олесни прошетката на градскиот плоштад.

Во исто време на другиот крај од општината спонтано се собраа двајца без тројца да протестираат поради сечење на последното дрво у општина Цементар инаку заштитено со закон како ретко дрво односно единствено дрво. На тоа место се планира изградба на катна гаража за три коли.

Од извора два путича блиски до власта ни изјавија дека насобраните двајца без тројца се организирани од опозицијата и работат против интересите на градот. Само оние што му мислат лошо на градот би се бунеле за такво нешто. Без разлика на се, акцијата „Катна гаража за секој Скопјанец“ продолжува.

28. 04. 2021 година
- Прецедателот на СДСМ у вечита оставка Бранко Црвенковски денеска ја најави својата трета отповиклива оставка на функцијата лидер на СДСМ. Портпаролот на партијата Шема Ивановски кратко изјави дека треба да ја почитуваме одлуката на лидерот и дека таа е лична. За вечер се најавени и протести на кој ќе се повика Бранко Црвенковски да не си оди од лидерскато место па макар биле у опозиција цела вечност. На протестот ќе се обрати и Душко млекарот иначе познат во народот  како поборник за тоа на кравите да им се дозволи пасење на марихуана а воедно и прецедател на здружението „Црна крава бело млеко“ за помош на депресивните крави поради пропаѓањето на Сведмилк. На собирот се очекува да се обратат повеќе истакнати членови на СДСМ, а некои од нив ќе евоцираат спомени од пред 10_на години кога Бранко Ц. ја поднесе својата прва отповиклива оставка.

29.04.2021 година
- Ново обвинение против Љубе Бошковски. Наиме тој се товари дека во 1934 година му ги има пробушено гумите од точакот на жандарот Стојадин Ч. инаку заменик командир на жандармериска станица у Пајко маало. Меѓутоа после покажувањето на доказ со приложување на лична карта која докажува дека Љубе Бошковски не бил роден у тоа време кога се десил инцидентот, судијата нареди да се преиспита веродостојноста на личната карта и да биде обезбеден како сведок Писарот Трпе Трпевич кој бил вработен у тоа време на издавање лични карти. После сугестија на обвинителството дека има големи шанси дотичниот да не е повише меѓу живите, судијата побара за сведок да биде повикан еден од вработените како заштитни сведоци, кој би посведочил дека Љубе е уствари сторител на криминалниот чин. Но поради штрајкот на заштитните сведоци кои бараат поголемо експонирање у јавноста, судијата го прекина рочиштето кое ќе биде презакажано дополнително.

30.04.2021 година
- Прецедателот на Македонија Талат Џафери у прецедателската палата у Мала Речица денеска ќе го прими еден од најбогатите луѓе у Канада со македонско потекло, Џорџ Ајванов (George Ivanow). Почитуваниот гостин ќе се обрати на студентите на државниот универзитет у Мала Речица. Тој ќе зборува за успехот. Ќе се осврне и на својот живот односно како од анонимен прецедател на една мала држава станал успешен човек. Познат по изјавата од пред многу години дека „нема ништо поуспешно од успех“ Џорџ Ајванов ќе се обиде на младите студенти да им ги отвори очите и да им го покаже патот кон успехот.

01. 05. 2021 година
- Како и секоја година така и оваа, 1 Мај ќе се одбележи со масовни протести. Праксата востановена во 2017 година со која протестите можат да се организираат на излетнички места, кафани, бирцузи и кафичи се покажа како полн погодок. Со тоа се стави крај на несогласиците помеѓу оние што не беа за протести и оние кои беа за славење. Вака  уз роштиљ и протести истовремено може да кажеме дека и волкот е сит а богами и овците се задоволни и на број.

Блејд Ранер специјално за блогот на Скопски Солидарец
До следното јавување голем поздрав од иднината





БЕК ТУ Д ФЈУЧР БЕК ТУ Д ФЈУЧР Reviewed by Skopski Solidarec on 01 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)