Technology

Слобода на печатот, печат у пасош

Новинарката... да онаа што не ја пуштиле да влезе у Грчка, по се изгледа нешто не и е јасно. Не дека ги бранам тоа Грците али у случајов се 100 посто у право. И ставиле до знаење дека ако сака да изиграва патриот треба да биде патриот до коска. Па неможе цела година да го браниме името, а ко ќе дојде лето само да се каже - извините шалили смо се, идеме у Грчка на одмор. Ние вака испаѓаме копуци пред тоа Грците. Што ли ќе мислат за нас?

Ова толку ги погодило и некои нејзини колеги и колешки што решиле дури и да одржат протест пред Грчката амбасада. Причината за протестот е да побараат објаснување од Грците зашто и забраниле влез на новинарката. А ја попрво би рекол дека ги напуниле гаќите што можда и на некој од нив би можело да им се деси истото како и на нивната колешка, да им биде забранет влезот у Грчка за да ја извршуваат својата новинарска работа (читај - да ги сунчаат своите новинарски газињана на некоја од Грчките плажи ) Меѓу протестантите забележав доста бранители на името.

Замисли, уплатиле однапред за одмор, одат на граница, а таму додека го предаваат пасошот за проверка, до самиот крај не се знае што ќе се деси. Дали ќе продужат или ќе ги вратат. Напнато како у некој филм на Хичкок. Оние новинари со послаби нерви треба да пазат што прават.

Од друга страна пак незнам што толку ги погодило Грците, али Новинарката у еден свој текст ќе напише, цитирам -  Кога во период на криза, македонските туристи истураат пари во Грција, а повторно им ги оштетуваат возилата? - Па тогаш каде и со кој памет се упатила дотичната и тоа ни мање ни више него со кола? Наводно да известува за Македонците што живеат у Лутраки, по некоја случајност и прекрасно место за летување.

И сеа што, треба ли ја да се секирам за тоа. Ја ли да и ги гледам маките. Сеа ќе треба у Охрид да иде на одмор. Ја гледам на телевизија кога објаснува што и се десило на Грчка граница, нема крф у нејзе. Сигурно прво што и паднало на памет кога ја вратиле е - Што ми требаше да јадам маслинки. И тоа Грчки. Ќе се кае цел живот. За греота. На таквите ако не ги пуштиш у Грчка како нож да си им забил у леџа.

Многу е јасно дека и ова лето многу патриоти што го бранеле името преку цела година, ќе се сунчаат у Грчка. А некои патриоти како мене ќе идат у Охрид. Право да ви кажам, оваа година и ја ќе изигравам тајм аут патриот. Ќе идам у Грчка, а ко ќе се вратам има партал да ги направам тоа Грчиштата. Македонче сум бе ја, не е шала тоа.


Тру Стори
 http://skopskisolidarec.blogspot.com/2012/06/blog-post_28.html
Слобода на печатот, печат у пасош Слобода на печатот, печат у пасош Reviewed by Skopski Solidarec on 18 јун Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)