Technology

Ручки од Тупан

20.08.2013
Газда Тинекс ни покажа како е да си газда со туѓи пари. Гледаме дека бил широкоград па делел и капом и шаком. Делел пари шо за хотели, шо за ручеци и вечери, абе не прашуел шта кошта. Е сеа, не би било лошо да ни покаже како е да си газда со свои пари. За почеток би можел да им ги зголеми платите на своите вработени у Тинекс маркетите. Да не го зборат по улица дека бил стипса, а знаеме дека не е таков.

21.08.2013
Шест Струмичани заработиле кривични пријави за крадење струја. Аха, значи у Струмица се крадело струја. А ја мислев дека у Арачиново и некои делови у западна Македонија се крадело струја. Е ал сум бил наивен. 

22.08.2013
Единствена мана на овој Бредли Манинг (тој е оној шо е обвинет за откривање државни тајни) е што не е роден у Македонија. За оваа „ситница“ што ја направил у Америка тука не му гинеше пратеничко место. Додека за министер или амбасадор ќе требал многу поише да се потруди.
У меѓувреме  Бредли Манинг објави дека сакал да стане жена со име Челси Менинг. Не знам шо да кажам али мислам дека не можел да одбере попогрешен момент за објавување на оваа информација. Па кај најде баш сега кога иде у затвор. Лош потег.

23.08.2013
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска го посетија локалитетот Хераклеја каде што у изминатиот период археолозите открија голем број значајни наоди. Али она што е најважно а сеуште се држи у тајност е дека со годинашните археолошки ископувања у Хераклеја меѓудругото се пронајдени и ручки од тупан од пред новата ера. Допрва ќе се истражува за што служеле овие ручки од тупан. Но се предпоставља дека имале иста функција како и денешните ручки од тупан. Едно е сигурно, веднаш штом бидат завршени истражувањата овие ручки од тупан ќе му бидат свечено предадени на народот.

24.08.2013 
Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов у Карбинци отвори Народна кујна и за таа цел пред камери и фоторепортери се испофали мислиш отвара фабрика кај што ќе се вработат 1000 души. Треба некој да му објасни на младиов министер дека отварање на Народна кујна не е многу за фалење и сликање. Со секое отварање на Народна кујна само покажува дека се поише има сиромаштија.

Инаку Народните кујни земале замав за време на депресијата у САД каде што еден од сопствениците на тие кујни бил никој друг, туку на далеку познатиот Ал Капоне лично и персонално. Тој тоа го правел за да го подобри јавното мислење за него. И го подобрил, не е да не, кај многу го има подобрено. Кај многу осим кај еден... кај Елиот Нес. Кај него не успеал да го подобри мислењето за него и овој подоцна му ја забиберил запршката иако Елиот Нес немал некои кулинарски способности. На Ал му пресаднале и храна и кујни.

Е сега не е ваљда младиот министер
да сака со отварање на овие Народни кујни да подобрува некакво мислење за него. Па никој нема лошо мислење за него. Еве на пример ја, ја немам никакво мислење за него а камоли пак лошо. Али луѓе, не иде бе да се отвараат кујни за сиромаштија и у исто време да се фалиш и сликаш, стварно не иде. Абе нека отвара ама ќути и трај, никој да незнае. Само он и тие што ќе ја користат. Можда и у побогативе држави отвараат Народни кујни, којзнае, ама кај се видело министер да се фали за тоа. Глупо е, ќе му се смеат. Сега ако нашиов министер сака да го имитира Ал Капоне то е друга работа.

Знам дека сето тоа изгледа убаво за око ко ќе видиш некој дека се грижи за сиромашните, па многумина одма ќе речат - браво помага на сиромашните, он е нашиот Робин Худ и така тие работи, али ете, мене отварањето на тие Народни кујни ме асоцира баш на таа голема депресија у САД. А ако почнува депресија и кај нас барем нека каже јавно, да се снабдиме на време со антидепресиви.

Ручки од Тупан Ручки од Тупан Reviewed by Skopski Solidarec on 25 август Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)