Technology

Г’з Папир

По шест месеци е потпишан извештајот на комисијата за настаните од 24 декември и со тоа сапунската опера во неколку месечни продолженија конечно заврши. Право да ви кажам подосадна сапуница неам гледано у живот. Досадно сценарио и катастрофална режија. Актерската екипа на чело со Борче Давитковски, Илија Димовски, Благородна Дулиќ, Љубомир Фрчкоски и Рената Треневска-Десковска потпомогнати у последните епизоди како спешл гест старс со Никола Груевски и Зоран Заев и со по некој споредњак кој како и у секоја сапунска опера ќе се појави у некоја епизода па ќе го снема, пружија подпросечна глума со која не би можеле да добијат ниту улога на статисти у најнискобуџетниот филм у некоја холивудска Шкљ - продукција.

Досега политичариве знаеле да отекуваат али вакво отекуење неам видено од 91_ва па навака. Али која е поентата на сапуницава. Нема поента, нема сиже, нема ништо. За едните договорот е парче палома, шо ќе рече со него ќе си го бришат газот и ништо друго, а за другите документ од непроценива важност, втор устав, нешто досега непотпишано у државичкава, за на крај да испадне дека добиле само некаква морална сатисфакција со која по се изгледа ќе можат и они само газот да си го забришат. Ќе засерат нешто и после само штампај документи за бришење газ. Остај тоа, него не е еколошки, шо поише засеруваат то поише ќе треба дрва да се сечат за праење хартија. А како засеруваат се плашам дека ќе останеме без дрва. А шо ќар ќе види народецов од тоа? Каква морална сатисфакција ќе добие он. Никаква, како и многупати досега. Барем и на нас да ни поделат по една копија од документот за да може и ние да си бришеме тоа газот. Пошо и ние сме луѓе и нам ни се присерува од нивното засерување. И ние да видиме некаква сатисфакција. Само ќе треба бааги хартија да поделат пошо они како што засеруваат се плашам дека со по една копија нишо не прајме. Викам ја, природата ќе трпи.

И кај најде оној баш документот да го споредува со Палома. Од толку домашни производители на тоаелетна хартија он одбра баш да го спореди со странски бренд. Па така ли патриоти ќе изиграваме. А шо стана со она купувајте домашни производи. Како шо има врска? Еве на пример ја коа го слушнав одма ми се присра па трк у продавница и одма онака автоматски се фатив за палома. А верувам и со многу други дека е така. Поради такви непромислени изјави трпи домашното производство. Ај шо го спореди со странски бренд него кај се фати баш за најскапиот. Море ќути, сме имале среќа, замисли да го споредеше со шмиргла. Ти го слушаш онака внимателно и нормално ти се присеруе, автоматски се фаќаш за шмиргла и опааа... чмарот ренде. Има така да го ишмирглаш газот шо нема поише у живот да ти текне да слушаш некој политичар. Него ај ти, имал чоекот осет, паломата е мека и квалитетна хартија па осим малку поголемо финансиско олеснување друг зијан нема.

Само едно сум у недоумица кој е луд, они или ја шо ги пратев цело време. Изгледа ја сум луд. Па само луд човек може да прати ваква работа, нормален тешко. Следниот пат памет у глава. А почне нешто вакво пали одма некоја турска сапуница, пошо со ваква позиција и опозиција тешко дека може да испадне нешто квалитетно за гледање.
Г’з Папир Г’з Папир Reviewed by Skopski Solidarec on 30 август Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)