Technology

Хаос у Скопје канабис за смирување



Хаос у Лаос односно у Скопје на Петок 13. Баксузен ден. Море можеше да биде и петок 14 и петок 15 или 21, сеедно. Работата немаше да биде поарна. Ова е реалноста на Скопје после секој пљусак, а и да немаше пљусак, исто. Дождот служи само како изговор. Тој само го доусерува усереното. Блокирани улици, гужва, нервоза, пцовки. Да полудиш. Замисли да истура неколку дена по ред. Маме ни се еба. Ќе станеме бетер од Венеција. Колите со кајчиња ќе ги замениме. Е сеа ко ќе те фати ваков шпиц тука не помага ништо, ништо осим можда тревата на Кили. Само таа може да помогне у ваква калакурница за да не добиеш нервен слом. Под хитно да се легализира и покрај местата шо ќе се одредат за да биде дозволено пушењето, меѓудругото да може да се припали и у кола у период од 14 до 17 и тоа да важи само за у централното градско подрачје. Не, не се заебавам, поздраво нешо за смирување од тоа нема. Шо бе има. - Диазепам??? Абе оди бе. Природно си е природно. За Кили пак малку попосле.

Али осим дождот пичка му материн, шо друго придонесува за овој хаос у Скопје. А да бе, па градењето, бе. Секоја шуша почна да гради у Скопје. И тој шо треба и тој шо не треба. Они градат Скопје се населува. Колку и да ги прошируваш улиците они се стеснуваат. Нив им је у интерес Скопје да се населува. Зашто? Па ако не се населува кој ќе им ги купува тоа становите. Проста математика. Шо поише народ поише станови за продавање. А тоа зградите пак шо лик имаат си ибало мамата. Погледнете некоја зграда изградена у 1950 година и некоја сега шо е градена. Нема разлика. Стилот е исти. Постарите ко ќе ги видат ова новиве градби им се враќаат спомените на предземјотресно Скопје. А ги погледнат ги убива носталгија у момент. А па тоа новите згради у Ново Лисиче шо ги градат, шо да ти кажувам. Ко ќе ги видиш мислиш дека се наоѓаш у појасот Газа на западната обала. Исти се како тоа Израелците шо ги градат набрзинка таму, само шо тие се највероватно поквалитетни. Море го заболе тој шо ја гради како изгледа зградата, да не живее он у нејзе. Да ја склепа на брзинка за да се продава, то е најбитно. Више ако мислеа да го праат Скопје метропола требаа и зградите да бидат барем малце у помодерен стил, вака... Ај тоа Израелците можам да ги разберам зашо го прават тоа, али ова нашиве неможам. Осим... па за пари, за шо друго. Сигурно не е за за да го направат Скопје модерен град и метропола. Се натепаа со пари. Не мафтаат дека тоа биле инвестиции и бутај у џеб. На оваа нашава урбана мафија може да и позавиди и онаа легендарната Коза Ностра. Али Америка барем од Коза Ностра видела некој аир. На пример Чарли Лучијано им помогнал на Американците за време на Втората Светска Војна за инвазијата на Сицилија, Багзи Сигел е најзаслужен за она шо е Лас Вегас денес. А ние шо ќар имаме видено од овие нашиве мафијаши. Ништо, само штета.

Е сеа од толку мафијаши они нашле на Кили да вежбаат правна држава. Па ако него го апсат шо треба на овие другиве да им праат. Кили испадна озлогласен нарко-бос, а овие другиве инвеститори. Па ако они се ивеститори тогаш Кили треба да биде Примариус Доктор за алтернативна медицина. Али ко го апсеа тоа звучеше баш спектакуларно. Пази тагови, упаднале, уапсен, лабараторија, марихуана, 80 саксии, па потоа, рефлектори, термостат, приклучоци за струја, продужни кабли, вентилатори... право да ви кажам за момент помислив дека овие направиле упад у некоја продавница за електроматеријали. И сеа ко ќе слушаш вака мислиш уапсен е најголемиот бос на балканот за производство на опојни дроги, али ко ќе размислиш малку подобро ќе си речеш - чекај бе друже, каков нарко бос па тоа е само Кили. Иако го пренаселија градов Скопје си остана пак мало место каде се се знае. Добро знаеме дека правите нарко босови не се у затвор. Башка така упаднале шо ги извадија луѓето од памет у Визбегово. У паника селаните избезумено ги тргаа саксиите од видни места. Не им беше јасно за шо се работи. Наслушнале нешо дека некој е уапсен за некакви саксии па шо е сигурно сигурно е, тргај тоа саксиите од тераси. Абе луѓе ако ништо друго барем од Кили немавме штета. Ако праел нешто лошо си праел за себе. (Тоа под услов ако не ја препродавал и била само за медицински цели) Додека пак последиците од она шо го праат ова правиве мафијаши ги осеќаме сега и тек допрва ќе ги осетиме. Уше една работа шо ми смета. Читам по ова порталиве Кили сеа се представува како човек кој зборувал против власта а овие сеа за да го замолчат го уапсиле. Немој бе сеа со вакви прикаски, ако продужат овие вака да го бранат ќе си окапе чоеков у затвор. Не му ставајте зборови у уста шо можда никогаш ги нема кажано. А и да има нешто кажано, шо сеа, преку негов грб ли ќе правиме промени. Не е Кили тој човек шо ќе донесе некаков политички пресврт. Може само на него да му се нанесе поголема штета и ништо друго. Чоекот си има други проблеми, и здравствени а сега и правни, а некој го поврзува со политика ради ситни интереси. Така нема да му помогнат. Едноставно, се да се сведе на барање за одобрување на домашен притвор поради неговата здравствена состојба, и тоа е се. Па и барање за легализација на марихуаната, зашо да не. Да се дебатира за тоа дали таа е штетна или е лековита. Барем нешто корисно да излезе од ова апсењево. На крају крајева не е Кили тој шо треба да биде у затвор додека правите криминалци шетаат слободно и се богатат на наша сметка. Јадна е таа држава ако битката против дрогата почнува со апсењето на Кили. Ако ја користел за домашна употреба тогаш - Слобода за Кили.




Хаос у Скопје канабис за смирување Хаос у Скопје канабис за смирување Reviewed by Skopski Solidarec on 16 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)