Technology

Друже Субрата Љубичице бела

 Имитатор - лице што се занимава со имитирање како вештина, прави нешто како што го прави тоа некој друг, имитира некого или нешто, подражава манири на други луѓе и др.
(Од дигиталниот речник на Македонскиот јазик)

Отварањето на „Сахара балканскиот мировен фестивал„ шо го организира миљардерот Субрата Рој, помина без некаква штафета која се најавуваше, наводно поради лоши временски услови. А дали тие се причината за откажувањето на штафетата или нешо друго, може само да нагаѓаме. Тој ден на времето иначе не му фалеше ништо. Али мене нешо друго ме мачи, а то е прашањето шо остана без одговор - за каква по ѓаволите штафета се работело? Дали Субрата планирал да направи штафета како онаа шо ја знаеме од времето на социјализмот? Мислам... ако се работело за таква штафета боље шо ја откажале. Имаше да му се смеат од тука до Индија. А може некој се окуражил па му го треснал у фаца - Субро брале, батали тоа штафетата, овдека еднаш се носело штафета и никад више. Не отварај стари рани. Се знае тука кој можел да прима штафета. Една личност само... а таа личност не си ти, извини вака али...

И тука можда Субрата турил прст на чело и си рекол - Ебемлига, можда е у право. Место штафета да примам, ќе си одржам само говор на свеченото отварање. И така би, одржа говор и згреши. Изнатреска такви глупости шо коа го слушав срам ме фати. Да, да, ја се засрамив, за него незнам, он највероватно нема срам. Али тоа не битно, побитна е ова мистеријава со штафетава.

Стварно бе, со кој памет овој Субрата сакал да организира штафета, не ми е јасно. Да не сака да го мења Стариот? Ако размишља за такво нешто тогаш одма треба некој да му каже дека Стариот е незаменљив, да не се мучи за џабе и да губи време. Али ја коа подразмислив малце ми светна шо сакал овој да постигне со штафетава уствари. Курназ е овој Субрата, ама и ја сум, ај ти. Значи чоеков си размишљал како да го засакаат у Македонија?  Tолку изнаобеќал а они пак рамнодушни према него. Мислел, мислел и на крај му текнало, ќе го копира Стариот. Зашо? Па зато шо Стариот е уште број еден кај нас. Дефинитивно најомилена личност. Па си рекол, ако го поистоветат со него има да се роди таква љубав помеѓу Субрата и Македонија шо досега не сме ја виделе ни у најсрцепарајучата Тв Новела шо се прикажувала кај нас.

И така паднала одлука, ќе прави све шо праел и он. Ќе почне прво со Штафетата. Ќе викне глумци, спортисти, политичари, ќе направи атмосфера, а најдобрата омладинка или омладинец после претрчани толку и толку километри, свечано ќе му ја предадат Штафетата на Плоштад. Ќе не врати у времето кога Штафета Младости беше најомилена манифестација на овие простори. Ќе не фати на емоции и нормално ко ќе удри носталгија у груди, нема шанси да не го засакаме чоеков. А со оглед на тоа шо Македонија у задње време станува пензионерска држава, а пензионерите се најголеми фанови на Стариот, нема да има утка, успехот е загарантиран. Право да ви кажам ова имаше да упали 100 посто али ете демек поради лошите временски услови се откажал од оваа идеја со штафетава.

Кој знае, а може не ја откажал него само ја одложил за ко ќе биде потопло, некаде за пролет тамо, да речеме у Мај. На пример... 25 МАЈ!!! СТО МУ ГРОМОВА!!! Ахааа, значи тоа било работава со одлагањево, лоши временски услови, а. Кому бе тие финти. Шо сум глуп, како не ми текна порано. Е стварно си ибал мајката овој Субрата. Па он изглеа планира штафетата да му биде предадена на 25 Мај. Луѓе, овој стварно решил да го копира Стариот. Па значи следно шо ќе направи е тоа да си ја присвои титулата „Маршал“. Изглеа ќе стануе Маршал Субрата. Пошо не може да му предаваат штафета на некој без таква титула. Џабе му сите тие долари шо ги има ако нема титула Маршал. Мислам дека држи вода ова моја теорија, не е да не.

А не дека не би можел да го мења Стариот, него незнам. Ќе посочам неколку примери за тоа. Еве да видиме како би звучеле паролите од времето кога у нив би фигурирало името Субрата.

- Пример број еден;
- И по Субрата - Субрата. - Ај шо звучи глупо звучи, него ја слушаш вака изговорена, а тебе признај, одма ти доаѓа да кажеш - море ни по, а богами ни пред. Попрост пример од ова, здравје.

- Али идеме со втор пример;
- Ние сме Субратови - Субрата е наш. - Ко ќе ја чуеш вака преработена прво шо ќе помислиш е следново - Нити ја сум негов, а уше помалце пак он е мој. Нема шанси.

- Ај да видиме уше еден пример, да речеме паролата; 
- Друже Субрата ми ти се кунемо... - Ете, одма ти иде да не се кунеш. Шо ќе рече, вака кажана паролава добива обратен ефект.

- Идемо даље. Пошо сега почитуваниот Субрата е актуелен со Џумајлија еве уше еден пример за моето тврдење, а то е паролата;
- Друже Субрата само пиши, орачемо и по киши... - У времето кога радничка класа ќе ја слушнела онаа изворната парола, орала уздуж и попреко, а сега вака изговорена ти иде и трактор да превртиш и ниви да баталиш и све у пизду матер да отераш

- Следен пример;
- Друже Субрата само кажи, живи чемо у гаражи. -  Леле ко ќе ја слушнеш, па ко ќе вриснеш - Кој да живи у гаража бе, он да живи у гаража ебате беља. Дошол тука од пичкеси материне и ја за него да живим у гаража... Полека, диши длабоко и број до десет, смири се, ова е само пример. Али порано ко ќе сме ја слушнеле оргиналната верзија на паролава, сите у глас сме викале - Нема проблем, и у гаража, а и у подрум ако треба.

- И уше еден пример; 
- За татковината со Субрата - Напред. Ја слушаш, а ти аутоматски се враќаш назад, таков ефект дава паролава вака изменета. Ќе ни се запусти и држава и све. Да не се заебааме, еееј.

Ако уште не се уверивте дека Субрата не би можел да го мења Стариот, еве да видиме како би звучало кога неговото име би го ставиле у некои песми од времето на Социјализмот, како на пример у песмата;
- Друже Субрата, љубичице бела, поздравља те омладина цела... - Ја слушаш песмава а тебе ти доаѓа одма у старт да се оградиш од нејзе и да речеш - Не ме мешајте мене, ја не сум поздравил никого, ја не сум одавде. Едноставно чоеков нема харизма. Никој неќе да го поздрави. 

- Ај да видиме онаа партизанската песна како би звучела; 
- Уз Маршала Субрату, јуначкога сина... - Со оваа песма нормално у оргиналната верзија беше отворено второто заседание на АВНОЈ, а вака изменета со Субрата у нејзе не би можела да отвори и селска бакалница у некоја забутана паланка. Така испеана оваа партизанска песма, веруј ми, има да дезертираш и у мирнодопски услови, само ќе си напрајш беља.

- И за крај уше еден пример, песмата;
- Иде Субрата преко Романије... - Знам, знам, прво шо ти дојде на памет да кажеш е - Море нека иде он у три пиз... пардон, не дајмо се провоцират.

Има доста примери али мислам дека и овие се и поише него доволни. За таквите луѓе викаме - видела жабата дека се потковува коњот, па и она дигнала нога. Ваквите персони се интересни кога ги гледаш само како шоумени илити забавувачи, али ако тие почнат да ни ја кројат судбината, тогаш ништо тука нема да има забавно. Ќе ни преседне смеењето.
 
Друже Субрата Љубичице бела Друже Субрата Љубичице бела Reviewed by Skopski Solidarec on 07 октобар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)