Technology

Четри јавачи на апокалипсата

При крајот на Октомври 2013 година, падна уште една жртва у војната наречена „транзиција без крај“. Овојпат „загинувањето“ се деси на фронтот пред штипската фабрика „Баргала“, додека две работнички биле „ранети“. Би било добро некој да извади податок за овие 20 и кусур години независност колку души „погинале“ како кучиња на некој протест - барајќи ги своите неисплатени плати, на улица - шетајќи од продавница до продавница за да се најде некој производ поефтино за денар ил два, на некој шалтер - поднесувајќи молба за некаква бедна помош која никако да се добие, пред некоја штедилница - која преку ноќ се затворила, а шдедните влогови одеднаш добиле нозе, пред некоја млекара - каде шо не протекло мед или пак дома - размислувајќи како да се обезедат минимални услови за да се преброди претерано долгиот месец кој никако да помине. 

Паднаа, али не погодени од метак, хемиско оружје или некое друго убојито средство, туку од нешто исто така смртоносно како метакот и отровно како хемиското оружје, а тоа се - неизвесноста, разочараноста, нервозата, стресот. Овие четири состојби како четири јавачи на апокалипсата јаваат више предолг период над оваа наша држава која бај д веј никако да стане држава. Овие четири јавачи и нивните ментори, политичарите, кои уствари и ги донесоа на овие простори и грижливо ги чуваат како родени деца, оставаат пустош каде и да поминат, таква пустош  што и правите јавачи на апокалипса би биле пријатно изненадени. Али да не ги заборавиме и нивните соработници, транзициските богаташи илити новокомпоновани бизнисмени, ситни криминалци кој кариерите ги почнуваа со џепарење и крадење мастики и чоколатца по самопослуги.

Политичарот и бизнисменот, два брата родена, г’з и гаќи, еден со друг си се помагаат, си праат - на ти го - дај ми го, почешај ме ќе те почешам. Почнувајќи со почетокот на ’90_те кога со амин на политичарите, таканаречените газди си ги прибраа тогашните фабрики, гиганти што носат милионски суми годишно. А ние уште со дужна почит гледаме кон тие „способни луѓе„ и се прашуеме како им успеало, па уште и ги прогласуваме за менаџери на годината. Такви „менаџери“ има у државава со лопата да ги ринеш. Сите тие со помош на политичарите се понашаат према работниците како со стока. Поготово работата е најкритична у фабриките за текстил, чевли или нешо друго, шо ги има секаде али највише на истокот од државава кој патем речено се поише наликува на југ. Условите за работа и примањата се исти како оние на плантажите каде шо работеле црнците у времето у Америка. 

Нормално бизнисменот ради тоа шо добил „дозвола“ да се изживува врз работникот, давајќи му плата најниска шо може да се даде со каснење од по месец, два ил три, а некад и поише, па работникот ако му прекурчи и ја напушти фирмата ќе се збогува и со парите, а замена у оваа вукојебина се наоѓа одма, па потоа дозвола за максимално искористување на работникот со 12 часовно работно време, бизнисменот ќе се одолжи на својот доброчинител и ќе ја помогне партијата на тие политичари со понекоја финансиска инекција, тоест донација. И така волкот сит, а овците као и увек на број, рука на срце изгубени у свемир, али ипак на број.

А се тоа со сестрана помош на сите поранешни и сегашни прецедатели на синдикати, смрдливи полтрони, гнаси без сопствено ја, лоулајфс, кои лижејќи го газот на политичарот се понашаат како паднати од Марс. Тие синдикалци ни со мал прст не мрднаа кога фирмите се носеа у бесконечен и лажен стечај и до ден денес не се знае каде одат парите од кирии шо ги земаат за издавање на просториите од тие фирми. Кај некогашните вработени сигурно не. За овие ноу гуд санава бич синдикалци у државава е све по пеес. Дури овој последниов прецедник синдиката се утепа од фалење дека донел закон за минимална плата, првпат од осамостојувањето на Македонија, што претстављало, цитирам - Историски чекор во подобрување на социјално-економската состојба на вработените. Ајдее. Е па чим е така ја предлагам да се направи уше еден историски чекор, а то е и на него платата да му биде како минималецот, ебате беља, тоест 8060 денари, па да види чија је мајка од јутрос трипут устајала. 

Иначе дугачок е списокот на соработниците на апокалипсата, па осим спомнатите у овој список би можеле да додадеме и многу - стечајни управници, новинари, аналитичари, уметници, академици, професори, судии, невладини организации и многу други кои подпомогнале оние четири состојби спомнати на почетокот од текстот да опстанат до ден денес. Сите тие нашле уточиште у поголемите партии. Политичарот им чува леџа а овие на секој негов знак се спремни у секое време да му се стават на услуга. Тука морам да кажам час и чес на изузетците, кои не се продале и останале со чиста совест. Таквите се малку али сеуште ги има. Раперски кажано - Респект за нив. 

Али да не заборавам да спомнам дека све ова не би било могуче и би било тешко остварливо да не е оној кој све ова го дозволи, а тоа е - Дами и Господа, уан енд онли, неговото величанство - НАРОДОТ!!! Кој све ова го посматраше од страна и уво го болеше за све шо се дешава. Одмавнуваше со рака и се тешеше дека ќе биде боље. Меѓутоа годините си поминуваа а тој бољи живот не дојде. Али тоа не го поколеба овој народ и он упорно продужуе да трпи, благодарен шо живее у мир, а несвесен дека уствари го изгубил оној најважниот мир шо треба да го има еден човек, а то е внатрешниот мир. 

Се додека овој народ мисли - дека 200 евра биле доволни да се истурка еден месец, дека криза било у цел свет, дека на запад платите се поголеми ама јадењето е поскапо, дека на запад имало штрајкови а кај нас нема па затоа тука е боље, дека ЕУ ќе пропадне, дека неморало кафе да се пие у кафана, дека најголема амбиција било да се вработиш у администрација, дека тој и тој можда крадел ама вработил куп луѓе, дека работа имало у секое време - извади лиценца и одма ќе се вработиш, и се додека најомилени изреки му се - ќути си трај си, - абе кој ти дава, а ич, - платата е мала ама за леб има, - џабе работи, џабе не седи, ќутењето е злато и ред други. Се додека е така овие јавачи нема никад да ја напуштат оваа земја. Ќе испаднат поголеми патриоти од нас, пошо ние едвај чекаме да ја напуштиме.
Четри јавачи на апокалипсата Четри јавачи на апокалипсата Reviewed by Skopski Solidarec on 09 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)