Technology

Телекомуникациска Кула Вавилонска

Боља идеја шо се однесува за Скопје од оваа на Тв Орбис неам слушнато од коа знам за себе. Кога сме више кај идеите, познато е дека нашиве власти својте генијални идеи, (Или поточно генијални глупости, кои они ги нарекуваат инвестиции) од после земјотресот па до сеа ги спроведуваа само у Скопје. (На жалост) Сеа конечно излезе некој со многу проста и едноставна идеа, а то е -  идеите да се спроведуваат малце и на друго место, или у превод, инвестирајте малку и надвор од Скопје. (Едноставна и проста идеа, а сепак генијална)

Наиме за шо се работи? Момциве од Тв Орбис дадоа една многу добра идеа, телекомуникациската кула со се тоа скијачките патеки да се градат на Пелистер место на Водно. Ем ќе било каде - каде поефтино ем тоа за градот под Пелистер би било можност, народски кажано да пркне малце. Е сеа може комотно да се јави директорот на АЕК и да дебатира за идеава и успут да објасни шо се фатил ко пијан за стап кулата (Вавилонска) да ја гради баш на Водно (или можда некој друг се фатил, а дотичниот директор е само еден штраф у машина кој не решава за ништо, хм, није ван памети, шо би рекле Србите... или Хрватите го рекле ова...Словенците не се гарант)

Сеа фино лепо Тв Орбис им стави до знање дека у Македонија постоел уше еден град, кој се вика Битола (ееј не бил само Скопје у државава, не сме биле сами, хип, хип..., а се шушка дека има и други градови у Македонија, замисли... не сум знаел, шо нема да чуеш) и дадоа предлог кој неможат да го одбијат, шо би рекол Вито Корлеоне ( То шо го спомнав Дон Вито не алудирав на ништо, мада какви ги има тука Дон Вито е мало дете за нив. Да му текнело некад на Марио Пузо да дојде кај нас би добил инспирација за уше неколку продужења на „Кум“, Ал Пачино ќе зајдеше у улогата)

Значи добра идеа која на нашиов директор на АЕК не можела да му текне. Чекај малку, па зашо ги ставаат за директори ако неможе да им текне ваква проста и едноставна идеа . А способни се, дааа, чим од факултет директ ги тураат тоа газовите у директорски фотељи па и у министерски ако сакате. Прво работно место директор или министер, па ова ни у социјализмот го немаше. А со толку млади и способни кадри на руководни места баш е чудно зашо уше не ни тргнуе на поарно. Уствари до нас е, само нешто пекаме, никад не сме задоволни, абе викај ураа...  ќе имаме највисока кула а најнизок стандард. Или можда на нив им текнало али си викале - абе кој ќе иде до Битола сеа, далеку е, цела Битола иде навака сеа ние обратно, не иде (башка и патот нечини, нема ни знаци, ќе го утнеме патот и ќе отидеме за Гевгелија) Ипак ако одлучат да ја градат на Водно, (а највероватно ќе одлучат, тоест одлучено е више) се плашам дека и оваа кула (Вавилонска)  ќе стане симбол на гревот, како и многу други непотребни градби  у Скопје.

Зашто овај предлог на Тв Орбис не е лоша идеја? Прво, држава со еден град кој живурка, не бива, (да, да Скопје живурка ако не сте знаеле) додека другите градови се одамна прикључени на апарати, тешко дишат и имаат проблем со респираторниот систем. Додуше и ние Скопјаните имаме проблем со истиот тој систем али од скроз други разлози кои се општо познати. Значи време е и другите градови да почнат полека да дишат без апарати, шо ќе рече да се почне со инвестирање и у нив. Второ, време е Битола да почне да се враќа на оние разини на кој бил некад за да има некаков баланс у државава.(град на конзулите ли е или шо ли е) Ја лично несакам Скопјани и Битолчани да живеат сложно у Скопје, сакам секој да си живее у свој град, да се глеаме кроз нишан као некад, они да ми викаат дека СК на регистрацијата значело „Скопска Курва„ а ја на нив дека БТ значело Битолска... е јебига никако за она Т да ми текне некој поган збор, сакам пак да бидеме конкуренција, пошо Битола одамна више не е у кондиција, али и поред тоа Скопје не победуе у биткава, напротив губи као вол у купус. Никад више да не скандираме дека - Скопје се гради со нечии пари, пошо мене више ми се гади Скопје шо се гради. (добра рима, а)

Трето, Скопје иде накај 1 милион жители, а втор град по големина е баш Битола кој прашање е дали има и 70 иљади. Мислам... ја сум тотален дудук за демографија, појма неам како треба, али сигурно знам дека вака не треба да биде. Нашиве глаучи не треба да шетаат далеку по светот за да научат нешо. Можат да тркнат и до една наша некогашна братска земја, Словенија, за да видат на лице место како се прави држава. Љубљана има 270 иљади жители, додека следниот град по големина е Марибор со над 100 иљади жители, а сите останати кој со 5, кој со 10, кој со 40 иљади и сите функционираат беспрекорно пошо се поврзани меѓу себе како црева. Е ама Словенија имала рамномерен регионален развој. (Имаме и ние закон за РРР, али то е на папиру мртво слово)

Словенија не рачуна дека згради, трговски центри, споменици и слично се инвестиција, никако, а за уништување на планини, реки, зеленила за да се гради нешто неќат ни да чујат. Кај нив да дојде некој „инвеститор“ (читај бандит) као шо доаѓаат кај нас и да им рече - еве пари, дајте ми државно земјиште, а ја ќе градам то и то, се знае шо следува, инвеститорска клоца у г`з, и на него и на тој шо го донел. (Овде уше да им го испушат) А ако овде некој демек се залага за рамномерен развој, а гради само у Скопје, право да ви кажам не јебе у здрав мозак. И док они ги задовољаваат своите изопачени сексуални фантазии врз нас, Скопје тоне као Титаник, а ние ќе потонеме заедно со него и ќе ги повлечеме и другите градови со нас на дно. Зато подршка за Битолчани, дадоа добра идеја и треба да се изборат за нејзе, да кренат глас посилно, да не остане само на информацијава па после да се заборави, ајде поживо малце.

Да не заборавиме уше една многу позаебана работа од оваа со кулата, уше еден мегаломански проект, а то е изградбата на некаков сончев град у Сопиште, која ќе ти била елитна населба, а за чии потреби ќе биде изграден пат кој ќе поминува преку Средно Водно. (Наскоро со ново име - Средно Жалосно Водно) Работава ќе испадне ваква, они ќе градат сончев град, а нам прво ќе ни се наоблачи, а потоа ќе ни се стемни. Али док на некој не му се стемни на друг нема да му се раздени. Зато предпостављам дека некој ќе има голем бенефит од оваа заебанција, како и од сите непотребни глупости шо се градат у Скопје.

Иначе ова со елитнава населба и Водно многу ме подсеќа на филмот Елисиум со Мет Дејмон, кој у моментов е светски хит. За оние шо не го гледале ќе кажам на кратко дека дејствието се одиграва у еден град 2154 година, град у кој е прљаво, град кој е загаден и пренаселен, град у кој тешко се доаѓа до работа. Додека само на 20 минути лет со шатл се доаѓа до елитно место кое се вика Елисиум и у него е све ок, чисто е, средено и владее ред. Богатите го напуштиле градот и се населиле на Елисиум, додека сиромашните си останале доле у смрдеата.

И Скопје ќе биде ист као градот од филмот, прљав, загаден и пренаселен, а елитната населба у Сопиште ќе биде чиста и незагадена, и до тамо од центарот на Скопје ќе се стига за 20 минути, богатите ќе бегаат натака или на некое друго место подалеку од градот, а сиромашните ќе останат да се гушат доле. А све тоа по заслуга на нашите политичари и озлогласената урбана мафија (и народот, кој као и увек е нем посматрач) кои се потрудиле да ни овозможат да го гледаме Елисиум у живо и тоа у 3Д  без наочари. На здравје гледање.

Телекомуникациска Кула Вавилонска Телекомуникациска Кула Вавилонска Reviewed by Skopski Solidarec on 14 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)