Technology

Недела без доселување у Скопје

Свртувањето на вниманието на погрешна страна продужуе. По све изглеа целата вина за загадувањето ќе падне врз колите, највероватно оние постарите, според мене ни криви ни дужни. Од надлежните не ни очекувам да го лоцираат проблемот али пак од Скопјаните (дотичниов незнам од каде е, ваљда е од Скопје) очекував тачно да кажат кае проблемот.

Па добро бе, Скопје го пренатрупаа со миљон жители и шо очекувате сеа, да не се возат коли. Го бетонираа уздуж и попреко и шо очекувате сеа, да дувне Шемса и Јужни Ветар и да очисти смрдеава. Предлогов „недела без автомобил“ нема благе везе. Ниту е остварлив ниту би го решил проблемот. Ова е кажано колку само да се каже нешто и да се испадне шизик, пошо сеа е у мода да се збори за загадувањето.


Али и ја иам предлог, уствари поише предлози: „недела без доселување у Скопје“, „недела без издавање градежна маркица“, „недела без градење“, „недела без трговски центар“, „недела без зграда“, „недела без градење на Водно“, „недела без сечење дрво“. Кога би се спровеле овие предлози, Скопје би бил далеку почист град. Али то е тешко и немогуче.

Пропаста на Скопје почна кога почна неговата урбанизација. Ако за тоа се криви поранешните другари шо ја осмислија,  исто толку се криви и денешните господа кој за овие 20 години ја продужија, и тука нема чаре. Нормално најкриви сме ние, народот, кој цело време со прстот у нос гледавме подзинати и мислевме дека Скопје го прават метропола. Уствари некој се нафатира а Скопје стана кочина. Зато сеа свалување на кривицата врз колите не е океј.

Затоа треба да престанеме да продаваме муда за бубрези и да кажеме јасно и гласно каде е проблемот. Не очекувајте у град кој може да поднесе не поише од 400 иљади жители (и тоа е многу) да дишете чист ваздух. Решение тешко дека ќе се најде, возот одамна е отиден у кукуруз, али барем да не се кажуваат прикаски.

http://fokus.mk/zbor-dva/skopje-ne-e-grad-skopje-e-ideja/
Недела без доселување у Скопје Недела без доселување у Скопје Reviewed by Skopski Solidarec on 21 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)