Technology

Катиљ Ѓорѓи


Дури почнува да ми станува и криво што овој човек нема више да биде присутен на јавна сцена и у наредните 5 години. За разлика од некои други политичари кои не можам да ги смислам, а уште помалце да ги слушам, овој морам да признам дека ме насмеал на неколку пати, и то добро ме насмеал. Политичарите обично нервираат, али овој напротив, делуваше баш освежувачки по мојот ментален систем.

Али шала на страна. Додека ја се смеам, државата со вакви политичари пропаѓа, не назадува, него пропаѓа у буквална смисла на зборот. Иначе пред да стане прецедател, господинот работел како професор, и тука испливува на површина уште една дури и полоша работа од тоа што имавме прецедател на држава кој немаше капацитет за такво нешто, а тоа немаше да го дознаеме ако човеков не дојдеше на функција. Па добро бе по ѓаволите и морските длабочини, какви све тоа професори предаваат у државава? Кој све им предава на студентаријава? Па не е ни чудо што се ван колосека. Не ги бива за ништо. За разлика од други држави каде они се доста активни и политички, а и кога треба да се излезе на демонстрации они се увек у први редови. Кај нас јок, ги интересира само шема, кафе-мафе, игрици, диско, боди билдинг, ги заболе за државава. Абе студентарија у нормални држави рушела влади, кај нас можат само да срушат рекорд на седење пред компјутер и играње ПЕС 2014. Али со вакви професори не е ни чудо што студентите се понашаат како паднати од марс. Ако некој место да ги научи нешто, он ги убија у поим, не е ни чудо што не ги бива за ништо.

Поготово мене работава највише ми е сумњива баш на правниот факултет од каде што доаѓа и сегашниот односно уште малце веќе бившиот прецедател на државичкава. Рука на срце од таму доаѓаат и ред други истакнати политичари, и уште доаѓаат. Тој е непресушен извор на тотални антиталенти за политика. Ако се такви професори како што се политичари, тогаш у секунд ми станува јасно зашто пропаѓаме. Дај нека се бават со нешто друго осим со политика, еве да речеме со глума, баш ги бива за тоа. Така добро глумат, шо ги бива и за комедија, ама ги бива и за драма. Знаат и да те насмеат, а знаат и да те расплачат. Сега види вака, рука на срце у изминативе години поише на репертоарот поставувале драми со трагични елементи, тоест поише сме плачеле него што сме се смееле, дури на моменти и мамицата ни ја расплакувале, али таква е уметноста, има и комични, има и тажни дела. Стварно ги бива за глума, али они јок, политика, па политика.

Ја викам, правниот факултет треба да се преврти наопачке, да се реновира од корен. Според мое скромно и нестручно мислење таа институција е легло на кодоши, удбаши, шпиуни, и ако сакаме да ни тргне, осим реформите кои ги правиме веќе 24 години и никако да ги направиме, треба да се направат реформи и у некои поважни институции. Идниот прецедател, да не го именувам мислам дека поише од јасно е кој ќе биде, и самиот завршил на правен факултет, и он највероватно многу добро го знае тоа.

Да не отворам уста за судството. Борбата со криминалот не почнува на улица, него у судството. Ако сака некој да го искорени криминалот, прво треба да почне да апси судии, па тек после криминалци. Време е да се почне со озбиљна дезинсекција, дератизација а богами и дезинфекција на овие две најважни институции, се со цел уништавање, сузбијање на глодарите и инсектите и други штеточини кои ја доведоа државава на ова дереџе. Пошто таквите се опасни по наше здравје и нанесуваат економски штети на државава. Без една таква широка акција, не уште 24, него уште 124 години нема да се опрајме. Идниот прецедател треба да го има тоа на ум.

Нашиот прецедател да имал намера нешто да оправа, за 5 години ќе опраел нешто. Да размислувал барем малце, немаше уопште ни да се кандидира на овие избори. Имал 5 години да сфати самиот дека не го бива. Можеше да се повлече како човек и да ужива у малата пензија која ќе ја добива као бивш прецедател на држава, а место тоа он сака и нас што сме ван факултета да не убија у поим. А ако продужи и даље да не убија у поим, тогаш ќе стане Катиљ. Ќе го пишуе по новини - Катиљ Ѓорѓи си го уби народот у поим. Немој бе, нема смисла, и така ни се смее светот.

Пред 5 години ме убедуваа, на некоја округла маса у некоја кафана, дека човекот има трема ама ќе му поминело па ќе бидел добар прецедател. Ниту тремата му помина, ниту стана добар прецедател. Па и ја сакав да бидам глумец ама имав трема и нормално не ме примија у драмска секција. Ми рекоа фино поштено дека не сум за глумец и ја го прифатив тоа. У Средно сакав да запишам музичко ама на аудиција така ја исфалшираф Лет ит Би од Битлси, што еден од професорите на крај ме праша - Која песна ја изведе сега, момче, а? Кога му одговорив, само климна со глава и ми рече - Не си ти за музичар. Не сум, не сум, го прифатив и тоа. Не можеш да бидеш нешто ако не те бива за тоа, се слагам. Сега ние исто така треба да му кажеме на Ѓорѓи дека не е за прецедател, а он фино културно треба да го прифати тоа. А изборите се одлично место на некој политичар да му кажеш нешто, пошто док се у фотеља нешто не им се слуша. Пенкалото у раце и да го спасиме Ѓорѓи, сите гледаме дека се мачи на функцијава. За негово добро, да не се бламира више. Кога не те бива за нешто, не те бива. Со сила убајна не бидува. Али за разлика од него, мене кога ми рекоа дека не ме бива за глумец и музичар ми се рушеа сништата како кула од карти, а него нема ништо да му се сруши, релативно млад си иде у пензија и ќе има време на раат да си пушта плочи од Дуран Дуран, ... а народот ќе живее подолго и посреќно.

ПС. Зашто мислам дека унапред се знае победникот на овие прецедателски избори. Затоа што овој пат неопределените гласачи, како мене, добија кандидат, за кого ќе може да гласаат. А неопределените секогаш ги решавале изборите. На овие избори они ги држат конците у свои раце. У последниве години некако слабо беа активни на избори, али то највероватно зато што изборот беше катастрофалаен. Сега е друго. За разлика од досегашниот прецедател, сега имаме човек со харизма, човек што знае да се изрази, човек со став, човек што ќе го пуштиш у бел свет и знаеш дека нема да тресне некоја зелена и да не обрука. Време е да имаме прецедател, а не како до сеа домазет, има слика нема тон. Некој ќе рече, абе не заебавај, нема ни овој ништо да направи. Ако не напрај и него ќе го смениме. И време е да почнеме да ги мењаме политичарите како чорапи. Видете ја Франција, партијата на Оланд изгуби катастрофално на тамошните локални избори по само 2 години одкако овој беше избран за прецедател. Французиве не Бате жива сила. Е не, ќе го тинтраат со години. Не си напраил тоа што си го рекол, првата прилика, клоцата у газ. Нема заебанција у Франција, зато се јаки. Да не ги остававме и ние нашиве политичари подолго од 2-3 години на власт досеа ќе бевме каде-каде боље место за живеење. Затоа неопределени гласачи... ЈУРИИИШ.

За крај ја користам оваа прилика на Ѓорѓи да му го честитам заслуженото заминувањето од прецедателска функија и среќни пензионерски денови.

Ако ви се свиѓа споделете го текстот за да го прочитаат што поише читатели.
Фала унапред. 


Катиљ Ѓорѓи Катиљ Ѓорѓи Reviewed by Skopski Solidarec on 05 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)