Technology

Миле vs Транзиција

 Миле Ј. ни у сон не можел да предпостави дека еден ден ќе дотурка до Министер. Али ете, таква среќа имаме ние у Македонија па се деси и тоа чудо. Само кај нас може да се стане Крупна Зверка у случајов Министер, а да се немало основни предиспозиции за такво нешто. Миле Ј. меѓудругото ќе биде запамтен и како гробарот на Скопје и касапот на Водно, (нормално заедно со Коце) барем ја ќе мислам така за него, за другите незнам. Он е тип кој има ставено Параф на многу документи со кој  Скопје го направија Бетонска Џунгла и ќе го памтам по тоа шо претера. И то стварно го претера. Па не мораше све шо му турија под нос да потпише. Можеше да остави и на неговите наследници нешто да потпишат, да има и они што да усерат не само он. Е, али он е ставен за Министер баш ради тоа, да потпишува, а не да мисли и да одлучува што е добро а што не.


Иначе дотичниот е еден од оние Вундеркиндови кој директно од Школија се вработува. Сигурно ќе погодите, па на Државни Јасли каде на друго место. 2001 си завршува Факултет и 2001 си се вработува. Човекот си се вработува додека е една власт, па си продужуе со работата и со другата власт, и така искален пун со работно искуство ја дочекува пак власта шо првобитно го вработила за да дотурка дури и до Министер. Па така осим шо е Вундеркинд, он е исто така и човек за сите влади.

Али како шо ќе рече еден негов колега исто така Вундеркинд, Васко Н. цитирам, - Македонија е една од ретките Држави која овозможува задоволување на професионалните амбиции уште на многу млада возраст. Па ќе даде пример со уште еден Вундеркинд, Диме С. кој исто така уше неиспилен стана министер. За на крај да рече дека тоа го немало никаде. И тука ќе се сложам со него. Стварно, ова го нема нигде, море ова го нема ни у Тунгузија чак што више. Само не ми е јасно како со толку Вундеркиндови Македонија тапка у место. Море да тапка у место добро би било, иде назад.

Не е ни чудо што уште се наоѓаме у Транзиција. Со вакви политичари како Миле Ј. и компанија тешко дека некад ќе излеземе од нејзе. Као демек они цело време не внесуваат у ЕУ и у НАТО, а уствари они се борат Транзицијата никад да не заврши. Пошто таквите како Миле Ј. и остали Вундеркиндови имаат добар бенефит ние да останеме у вечита транзиција и надвор од ЕУ.

Али док они изиграваат генијалци,  способните ја напуштаат државава, разочарани баш поради ваквите типови. И пред да ви набијат комплекс на нижа вредност треба да знаете дека они не се уопште попаметни од вас, али за жал не може да се дојде на ред од нив. Македонија е дефинитивно плодна почва само за Угурсузи, Полтрони, Кодоши..... за сите други излезот е само Виа Терминус.


Многу глупости има потпишано дотичниот Миле Ј. али ја ќе се задржам на една, според мене најважна, а то е ставањето на Параф за изградбата на Сончев Град и онаа негова изјава дека више немало да се сечат дрва на Водно. Знае он, знам и ја, знаат и многу други дека тоа не ќе да е така. Само наивен може да поверува у тоа. (Али за жал кај нас наивни има подоста) А ако мислел дека нема више дрва да се сечат за потребите на патот од Сончев Град до Центар, тогаш у реду, можда нема. Али дека више ич нема да се сечат дрва на Водно у то чисто сумњам.

Уништувањето на Водно почна и тука нема да запре. У наредните години бидете спремни да се збогувате свечано со Водно. Сликајте, овековечувајте, прајте шо ќе прајте, пошо Водно нема да биде као шо треба да биде или све ќе биде само шума нема да биде. После Сончев Град ќе се прави некој друг Сончев Град, па трет Сончев Град и све така додека не се сотре цело Водно.

И за крај, коа му ја гледам онаа негова ладнокрвна фаца си викам, овој е у стање да искасапи цела шума без око да му трепне, пардон, да потпише да се искасапи цела шума. Па си размишљам, типов добро би се снашол у Холивуд во улога на некој Негативец у некое филмско продужење како на пример, Норман Бејтс од Психо или Џек Торанс од Шајнинг или Ханибал Лектор од Кога Јагнињата ќе Стивнат и у многу други. Шоо... не ми верувате, погледнете го видеото и уверете се сами.


                                                 https://www.youtube.com/watch?v=J6jge0xwefE
Се уверивте. Зато бркајте врски за у Холивуд за да го вработиме таму, зато шо овој дрво нема да остави, верујте ми. А у Холивуд било кој Негативец да го глуми ќе нема штета, то е фикција. Према тоа боље тамо да биде Негативец него тука кај нас, од вакви Негативци животот ни стана Психолошки Хорор.




Миле vs Транзиција   Миле vs Транзиција Reviewed by Skopski Solidarec on 22 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)