Technology

Тамара од Копенхаген не Шамара

Ете, заврши уште една Евровизија, победи Аустрија, а ние као и обично загубивме. И као по обичај сите ни се криви, овој бил таков оној онаков, сите фалични само ние бевме арни. Имавме најбоља песма, најбољи наступ, најбољи фризури, али ете, цела Европа не мрзи зато шо сме најбољи па зато не опструира. Криво им е. Али то и не е така битно и нема многу да тупам за тоа, пошо ја Евровизија одамна не глеам и не сум многу стручен да ја коментирам. Али ќе искоментирам една друга работа која дигна прашина, по мое мислење непотребно. Таа прашина ја дигна Тамара, која беше пратечи вокал на нејзината сестра Тијана.


Она наиме од Копенхаген постираше два статуса преку нејзиниот Фејсбук. У првиот статус ќе каже - Македончиња… Добра ви ноќ… Ќе ви се обратам дури задутре доцна во ноќта да ви раскажам колку сте мизерни... ( И нормално, прегршт на лајкови, а прв побрзал да го лајкне статусот кој друг ако не Дарко Лешоски, лично и персонално ) После тоа сите се запрашаа зашо Тамара ги вреѓа Македонците. А ја ќе кажам дека тука уопште немало навреда, туку само еден мал мисандерстуд.

Као прво зборот Мизерија може да значи и Беда тоест Сиромаштија. Е сеа, кога Тамарчето се симнала од авион у Копенхаген, прво шо напраила прошетала по тоа градот, па коа го видела тој гламур, па одушевена од тие знаменитости, Округли торањ, Готски Цркви и ред други работи, па тек коа дознала дека тоа ДАНЧИШТАТА земаат по 25 еура по саат, изреагирала инстинктивно, се фатила за телефон, отворила Фејсбук и сасвим добронамерно напишала статус за да не обавести дека ние Македончињата сме уствари мизерни тоест сакала да каже дека сме сиромашни илити дека живееме у сиромаштија, за разлика од Данците.

И шо има лошо тука. И сеа ние место да и бидеме благодарни што не обавестила дека живееме мизерно за разлика од некои други, ние одма со дрвја и камења распаливме по нашата најголема звезда. Пошо ние не мрдаме никаде и појма неаме шо се случува у остатокот на светот и како они живеат. Затоа се тука оние што шетаат на државен трошок да не известуваат што се дешава у белиот свет. Стварно сме за никаде. Ништо не сфаќаме. А некој одма и залепил етикета дека не можела да трпи критики па одма се фрлила на вреѓање, нема везе.

А за тие што уште не се убедени дека Тамарчето уствари ич не не навредила, нека го прочитаат вториот дел од статусот каде шо вика - Ќе ви се обратам дури задутре доцна во ноќта да ви раскажам колку сте мизерни... Ви текна, ... дури задутре доцна во ноќта... Е сеа, пошо она тоа задутре не ни се обрати доцна во ноќта да ни каже дека сме мизерни, значи немало ни навреда. И тука мислам дека приказната е завршена.

На кратко и за нејзиниот втор статус пратен од Копенхаген кој гласи - Е сега вака... Македонија немала подобар претставник... Не што е моја, ама заслужуваше финале... Реално, очекувавме сите, морате да признаете, ама тоа е. Според мене, Македонија не теба да учествува повеќе на Евровизија. Доволно беше... Ве сакаме!!! Фала на поддршката...

Знам, знам, многу помислиле која е она да кажува дали да учествуваме или не. Е па да ве прашам нешто, а кој да каже ако не некој кој идел на Евровизија неколку, пати, кој? Ја лично мислам дека нема покомпетентен од нејзе да одлучи за таа работа. Али ако ипак сте упорни у тоа дека она не е стручна за тоа, предлагам Тамарчето да го праќаме на Евровизија и у наредни 3-4 години за да стекне уште поголемо Евровизиско искуство и дефинитивно да може да одлучи дали да учествуваме или не. А ако одлучи ЗА, да биде поставена за доживотен прецедател и единствен член на жири, пошо очигледно се разбира у тоа кој е добар преставник, а кој не. Па она нека бира кој да иде на Евровизија.

Пс. Време е више да престанеме да праќаме самобендисани звездички на Евровизија и едни те исти композитори, коа гледаме дека таму не ги ебаваат 2 посто. Време е од наредната година да пратиме некоја откачена фигура, без статус на звезда, кој ќе направи такво шоу на сцена за да го запамтат за цел живот. Да го извади стапот на сред песма и да се измоча у публика. Ако сакаат Хардкор ќе добијат Хардкор. Предлагам следната година да го пратиме Зоки Агресор како компензација за тоа шо не го пуштивме да иде на Евровизија 2011, кога ја напраивме најголемата грешка. А можда па и стварно не треба да идеме више, ебемлига.





Тамара од Копенхаген не Шамара  Тамара од Копенхаген не Шамара Reviewed by Skopski Solidarec on 13 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)