Technology

Национална Пензија = Национална Перверзија

 Потребно време за читање на текстот неполни 3 минути

Многу бука се крена деноиве околу тоа кој добива, а кој не Национална Пензија. Зашто Есма да добија, а Вања Лазарова не. Чим може Есма нека добија и Вања, зашо да не, се слагам. Што е Есма поголем уметник од Вања Лазарова. И верувам дека има многу уметници што заслужиле да добијат Национални Пензии, а не добиле.

Случајно прочитав дека при примањето на Националната Пензија, Михаил Ренџов ќе каже, цитирам - Сум ги добил сите награди, но оваа ми дојде поинаку, зашто не е само чест туку и материјална благодат, затоа што ние во културата сме во најниски категории на пензионери. Се исправи една грешка. Автор сум на 39 книги, но бев со 300 евра пензија. Тоа беше неправда, а со ова е сосема друга ситуацијата.

И све е тоа Ок. Али по чему тоа само уметниците да добиваат Национални Пензии. Зашто да речеме на пример Стариот мој не би добил Национална Пензија. Може не напишал 39 книги, али брате мили 39 години поминал у ровови ископани од Вардара па до Триглава. Многу често по неколку месечни одсуства од дома па дури и јаче. Преку ноќ кога не знаевме дали ќе праиме држава или не, одведен со се цел Кумановски Корпус у Хрватска да се играат војна, каде што е и ранет. Додека пак уметниците знаеме каков боемски живот живееа у бившата ни држава. Зашто еден уметник, у случајов поет,  би бил позаслужен од некое војно лице кое поминало сито и решето. Мада у случај на војна и поетите се и те како потребни. Да пишуваат патриотски песми и да ги опевуваат хероите и битките, и со тоа го подигаат патриотизмот, не викам Не. Така било од увек, додека борците држеле пушки, поетите држеле пенкала.

Али да го оставиме Стариот мој на страна, си зема пензија иста како онаа на Ренџов од 300 евра, а можда и помала и највероватно и он не е задоволен од нејзе. Али шо прајме со оние што земаат дупло па и поише од дупло помали пензии. Зарем они не придонеле нешто за државава. Дали можда некоја самохрана невработена мајка на едно или две деца не заслужила Национална Пензија, некој рудар, стечаец, невработен, некоја сиромашна фамилија која едвај го преживува месецот. Дали не заслужил Национална Пензија некој ватрогасец што го ризикувал животот спасувајќи некого у некој пожар, некој полицаец. Дали не заслужиле Национална Пензија фамилиите на сите оние што го дале животот за оваа држава, во Хрватска и во војната 2001 година.

А никогаш нема да може да се поделат толку Национални Пензии за сите да бидат задоволни. Увек ќе има задоволни тоест тие што добиле и незадоволни тие што не добиле. А тоа што некој е добитник на државна награда не значи дека е подобар уметник од некој што не добил. Па и еден Роберт Редфорд и Ричард Бартон немаат добиено Оскар па не значи дека се полоши глумци од тие што добиле. Не, дури се многу подобри од некои што добиле. За Роберт Редфорд уште може да се поправи неправдата, не е касно. Али и кај нас има време да се исправи неправдата. Затоа оваа глупост наречена Национална Пензија треба под хитно да се укине, а парите да се пренасочат таму кај што се стварно потребни. А Есма, Владо, Благоја, Симон, Милчо и сите други кои се добро ситуирани ако имаат барем малку срам треба да почнат да ги одбиваат овие пари. А државата да почне да подготвува закон за укинување на Националната Пензија. Да се прекине со расфрлање на државни пари, како што е случајот и со онаа тешка глупост наречена - Субвенции за песни и пејачи.

ПС. Последно што прочитав е дека Вања Лазарова изјавила дека не е толку сиромашна и не е зависна од Националната Пензија, дека поише и значел гестот да се награди нејзиното дело.  Затоа ако ја добие оваа пензија треба да ја одбие и уште еднаш да докаже дека е поголем уметник од сите оние што ја добивале. А нејзиниот потег да го следат сите останати.


Национална Пензија = Национална Перверзија Национална Пензија = Национална Перверзија Reviewed by Skopski Solidarec on 15 мај Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)