На денот на Илинденско Востание отворена Катната Гаража Разловечко Востание
Потребно време за читање околу 5 минути, мање - више

Али тоа не е ни битно многу. Битно е тоа дека ова ќе биде уште една од многуте непотребни градби што се изградиле у Скопје. Зашто? Зато што карши него си постои паркинг кој функционира кој знае колку години и тоа по прилично прифатлива цена, 40 ден./3 саата. (Ако нешто не е променето, не сум паркирал 2-3 месеца таму) Ја не се десило некад тој паркинг да го начекам фул па да морало да се гради Катна Гаража. Кога и да сум паркирал тамо имало место. И сеа ко би идел би паркирал таму, зашто да им дадам 30 ден./саат ко за тие пари ќе паркирам 3 саата. Сеа некој ако сака да ме убеди дека таму немало кај да се паркира и да ме убеди дека црното е бело па требало да се изгради ни мање ни више Катна Гаража, то е друго. Али по свему судечи тој паркинг највероватно нема да функционира уште долго, ќе му најдат и на него чаре, уште една Катна Гаража можда.
Овие од АД за Изградба и стопанисување со станбен и деловен простор викаат дека ова ќе го решело проблемот со паркирањето у Скопје. Прво проблемот со паркирањето настана кога Скопје почна интезивно да се гради, поготово у последниве неколку години. Ја у времето кога Скопје имаше релативно нормален број на жители не се сеќавам дека некад имало проблем со паркирањето. Ако идеш у ГТЦ паркираш у нивна гаража, ако сакаш можеше да паркираш и кај поранешен Ловец, таму имаше и од оние апаратите на време. Туриш динар-два и вршиш работа. Значи го нафукаа Скопје со жители и со бетон и сега демек ќе не спашаваат со паркинзи. Не е проблемот у паркинг места, проблемот е у пренаселувањето, да бидеме на чисто. Ако се прави Катна Гаража за паркирање а у нејзе нема никој да паркира стварно не ми е јасно како ќе се реши проблемот со паркирањето.
Ко ќе размислам малце боље 100 посто сум сигурен сум дека у тој дел на градот немаше уопште никаков проблем со паркирањето за да мораше да се изгради една грдосија од Катна Гража а на штета као и обично на зеленилото, и затоа оваа „Инвестиција“ од 8 миљони евра се пари фрлени у ветар. Више ако сакаа да решаваат некаков проблем можеа да направат паркинг како тој карши и ќе завршеа работа, ќе имаше место и за некое дрвце да се посади, вака уште еден бетон у низата зданиа што го прават Скопје све поголема Бетонска Џунгла. Или Паркче да направеа на тоа место, или паркот е ефтина работа, испод части им е да се бафтаат со ефтини инвестиции.
Второ, викаат дека ќе заживеел ГТЦ. Мајката, па како што спомнав они си имаат сопствен паркинг, што врска има Катнава со ГТЦ. Ја ако идам у ГТЦ ќе паркирам у нивната гаража што мајка барам да паркирам у Катната Гаража. Мислам нема логика. Стварно не ми е јасно како ќе заживее ГТЦ. Да не била некад фул гаражата у склоп на ГТЦ случајно можда па некој отишол у друг Трговски ради тоа, не верувам. Или сеа ќе ни биде мерак да паркираме у Катната па ко сме више тука, ај до ГТЦ. Ќе паркираме у Катната а ќе пазариме у ГТЦ. Абе ајде, али ако мислат дека со паркинг место ќе го заживеат ГТЦ грдно се вараат. Али пошто у Катната Гаража ќе имало и Деловен Простор со тоа само може ГТЦ уште поише да приумре, а не пак да заживее.
Оној што сака да го реши овој проблем у Скопје не треба да гради Катни Гаражи туку треба да го спречи населувањето на Скопје и нормално еднаш заувек да се справи со Градежна Мафија, све друго се бајки за мали деца и наивни возрасни. Ако се продужи со ова темпо и тие улици што се фалат дека ги прошируваат набрзо ќе станат тесни, пошто сите оние што нема да избегаат надвор ќе се населат у Скопје.


На денот на Илинденско Востание отворена Катната Гаража Разловечко Востание
Reviewed by Skopski Solidarec
on
03 август
Rating:

Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.