Technology

Стоп за Економската асимилација на Македонската нација

Ги глеам тоа Билбордите на кои пишува „Стоп за Српската асимилација на Македонската нација“ и „Сакаме да слушаме Македонска музика, а не Српски кич“, па се прашуем - Стварно ли има таква асимилација у Македонија? Дека кај нас се слуша Српска музика, се слуша, што јес-јес. Али се слуша доста и Хрватска па и Босанска. Кај нас одувек се слушала таква музика илити Екс-Ју музика, дури у времето поише него сега. Ја одувек слушам таква музика па не глеам дека сум помал Македонец од некој што не слуша Српска Музика.

Музиката треба да се дели само на квалитетна и неквалитена, а не на Српска или Хрватска или некоја друга. Па Србите имаат поголем проблем со тоа Турбо Фолкот него ние. Време е самите Срби у сред Београд да постават Билборд со натпис - „Сакаме да слушаме Српска музика, а не Српски кич“. Можда и тоа ќе се деси некад, кој знае. Еве сега им дадовме добра идеја. Иначе последниов период слушам едно Београдско радио каде што осим Српска се пушта и Хрватска музика. Секоја втора песна е Хрватска, па не сум слушнал некој таму да прај проблем од тоа.

Иначе ја не глеам Телевизија али знам дека тоа што се пушта таму е рамно на Катастрофа. Се пушта све и свашта, секаков Шунд, поготово тука предничи оној таканаречен Турбо Фолк. Али не е само тоа, тука би кажал дека и тоа Турските серии што се пуштаат се претеризам. Претеризам до таа мера што едно време децава почнаа да си даваат и имиња од ликовите од тие серии, Хурем, Хатиџе, Аси, Керим и што ти ја знам.

Отворете Фејсбук и ќе ви стане јасно, секое дете има отворено Фан Страна поврзана со некој од тие ликови и серии. Ако гледаме од тој аспект и тоа е асимилација, и то полоша од тоа Српската, без разлика што сега Серииве се синхронизирани. И сеа што треба, да ставаме Билборди по Градов - „Стоп за Турската асимилација на Македонската нација“. Не иде тоа така. Ќе го преплавиме градов со Билборди. Ја поише би рекол дека тука се работи за занимавање на народов отколку за асимилација. На Власта и одговара Народов да се занимава со нешто, за да не мисли многу-многу на проблеми.

А што праиме со Холивудскиве филмови и серии. Телевизиите и Кината се преплавени со овие Амерички продукти. Ако идеме по таа логика и тоа е некоја врста на асимилација. Преку тие филмови и серии гледаме како се живее на Запад и нормално на секој што ќе го види тој луксуз му доаѓа да фати Фитиљ од тука. Останавме без народ у Државава. Да ставиме и за тоа Билборд - „Стоп за Холивудската асимилација на Македонската нација“. Иди убеди некој да не глеа Холивудски Блокбастери. Ќе те мисли за Луд.

И за крај би кажал дека не е баш така лесно да се изврши асимилација. Ипак живееме у 21 век. Да беше тоа така сеа сите ќе бевме Лопови и Лажови. Како што има врска со темава. Има, еве 25 години гледаме и слушаме како се Краде и Лаже у Државава, па не станавме такви. Можда малце се шашардисавме, али то е друго. Па тоа што сите овие години гледаме и слушаме како се Краде и Лаже е полошо дури и од тоа Турбо Фолкот заедно со се Турските серии у пакет. Лоповите и Лажовите не успеаа да не асимилираат, а чим тие не успеаа никој нема.

Еве лично Ја би се сложил дека стварно треба да се преземе нешто у врска со тоа, али без потенцирање Српска, Турска и слично. Би требало да се отвори некаква широка дебата за тоа што е квалитетно, а што не. Никој не ни е крив што немаме ни филмска ни музичка ни театарска продукција, па мора програмата да се попуњава со увозни продукти. Али пред се прво Народов треба да има малце поише пари за да може да посетува Концерти, Театарски Представи и слични културни манифестации кај што ќе може да се едуцира и културно да се уздигне, а не да гледа она што му се сервира на Телевизија бидејќи нема друг избор.

Затоа Народецов наш треба прво да се појача Економски, а после е лесно. Али мое мислење е дека не е време сега да се бавиме со оваа тематика. Тајмингот за ова е утнат скроз на скроз, има и поважни работи у Државава у моментов. А зашто баш сега се почна со оваа акција, си знаат тие што ја почнале.  Али да се прашувам ја би ставил Билбод со ваков натпис - „Стоп за Економската асимилација на Македонската нација“.

Стоп за Економската асимилација на Македонската нација Стоп за Економската асимилација на Македонската нација Reviewed by Skopski Solidarec on 04 фебруар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)