Technology

Шамар од Заседа


Добро бе луѓе стварно брзате со закључоци. Од обичен Шамар напраивте Слон. Требало на Жерновски да му врзат Пе - Шес Шамара, пих големо чудо. Па зар не глеате дека по светов убиваат Опозиционери, а вие сте се фатиле за неколку Шамари. Нашава Власт применуе сасвим нормално демократско средство за васпитавање на непослушни Опозиционери. Му доаѓаат, му врзуваат три - четри Шамара ама јаки и чао пријатно, решен проблем. И шо е најбитно ќе остане жив. Додуше ќе пече некое време, али ќе помине. Стварно не разбирате демократија.


Ова со Шамариве и не е така лоша измишљотка. Еве пошо у последно време некој кај нас нон стоп алудира на тоа дека ќе имало немири, крвави сценарија и што ти ја знам, предлагам ако дојде до такво нешто војната да биде со Шамари. Па што, боље да се Шамараме него да се убиваме. Граѓанска војна со Шамари, тоа нигде го немало. А башка после секое Шамарање ќе излеземе попаметни, гарантирам. Ние би биле светска војна сила у Шамарање. Пошто еве веќе долги години не Шамараат и ние тоа го издржаваме стоечки. Извежбани сме до Максимум


Светот би бил боље место за живеење. Место да читаме за погинати и ранети у разно разни војни по Светов, сега ќе читаме за Ошамарени. На пример замислете ваква вест од некоја Вукојебина - Денеска у заседа упаднаа припадниците на силите на редот у која што беа Ошамарени седум Војници. Додека пак другата страна ќе се буни дека ова било против сите норми на Шамарање и дека Шамарот од Заседа е забранет со Женевската Конвенција. А пак војните Команданти место да гранатираат со Бомби ќе издаваат наредби - ШАМАР О-ПААА-ЛИ! А поразените осим повредена Суета ќе немаат друга штета.


Место Масакри и Геноциди ќе слушаме како некоја Будала издала наредба да се изврши масовно Шамарање на Цивилно Население? А Терористички акции ќе ги извршава таканаречен Шамарач. Он ќе се активира изненада у некоја гужва и ќе Ошамари неколку души што се нашле у негова близина, акт со кој ќе даде до знаење дека не се слага со актуелната политика на некојси тамо Прецедател. А оној што одлучил да се Самозапали ради некаков протест, тој по ново ќе се Самозашамари. Ем без последици ем без изгореници на тело, само црвенило на образите. Ви викам ја, светот би бил каде - каде боље место за живеење.


Еве идеја и за нашиве работници што ќе се одлучат за штрајк. Место тоа да биде штрајк со глад, каде што може да биде сериозно нарушено здравјето, ќе биде штрајк со Шамари. Штрајкувачите ќе се Шамараат меѓу себе све до исполнување на нивните барања. Ниедна Влада нема да може да го издржи таквиот притисок. Нормално ќе попушти и ќе им ги исполни сите барања. Незгодно е, штрајкувачите ти се Шамараат. За да не пукне резил обавезно следи исплата на заостанатите плати.


Затоа пред да искритикувате нешто треба да разберете дека со ова со Шамариве никој не мислел лошо. Се сеќаваме дека сите ние кои у детството сме попиле од оној Родителски Шамар воедно сме и живи сведоци дека тој потикнуваше поише на размишљање. На пример ти објаснуваат дома Математика а ти појма немаш. Ни собирање со јабуки а ни со круши не помага. Све до оној момент ко ќе ти ја постават задачата со Шамари. - Ако ти врзам Два Шамара на едниот Образ и Три на другиот, колку Шамара се тоа вкупно? Да видиш како ќе ти текне одма. А ако ти го преточат тоа и у практика, математиката ти идеше као од Шала. И затоа ова со Шамариве мислам дека било добронамерно.


ПС. Иначе слушам дека за Шамарање не се одговарало кривично туку може само да се попасе прекршочна. Или што ќе рече можеш да ишамараш некого на улица и да не одговараш за тоа. Али ако се увредиш поради нечие мислење од кое нормално многу ќе се потресеш, за тоа може да инкасираш значителна сума на пари. Хм, Шамар или Увреда што е полошо. Некои закони треба да се мењаваат под хитно. Секој напад врз некого уопште, дали со Шамар или било што друго треба да се сматра како кривично дело. А и заканата врз некого со употреба на сила треба да биде тешко Кривично дело. Па макар тоа било и Шамар у Обид.


Шамар од Заседа Шамар од Заседа Reviewed by Skopski Solidarec on 21 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)