Technology

За чисто и зелено Водно

Влатко Стефановски и Парни Ваљак засадија по некое дрвце на Водно и ја подржаа Акцијата За чисто и зелено Водно . Само ми се чини дека све ова е Џабе сеа. Иако ја подржавам Акцијава мислам дека таа се прави со неколкугодишно Каснење. Познативе требаше малце порано да ги Алармираат својте Фанови за она што му се прави на Водно.

Сеа кога се направи цела Населба и Автопат на Водно и кога се планира истото да се направи кај Трнодол, и сум сигурен дека ќе се направи, и кога Згради се прават све погоре и погоре, една ваква Акција стварно изгледа смешно и ми личи на она - После Свадба Тапани.

Не може со неколку засадени Дрвца да се бориш со оние што можат Иљадници Дрва да сотрат за еден ден. Влатко и Парни Ваљак тука не можат ништо да направат. Пошто низ Водно Хара еден друг Тип на Ваљак кој ништи све пред себе и иде на малце појак погон него оној Парниот.


Работата е да се реагира пред да се направи Штета. Затоа пред да почне да се уништава Водно тамо кај Трнодол, Влатко и сите други Пејачи кои можат да Алармираат Народ треба  да постават бини на тоа место и под Прозор на оној што сака да потпише такво Злодело и да се одржаваат Концерти со Денови и Ноќи у знак на протест. Реагирајте на време, а не откако ќе биде Доцкан. А за Ѓубрето лесна работа, него ќе го собереме, то е најмал проблем на Водно. Она другото како ќе го Опрајме.




За чисто и зелено Водно  За чисто и зелено Водно Reviewed by Skopski Solidarec on 24 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)