Technology

Датум втиснат на Работ од Кесичката ( а можда и не )

За мене пазарењето у продавница е Ноќна Мора. За некои можда е Шопинг и Ритуал, али за мене е малтретирање. Абе док купам еден производот ме стемнува. Док го најдам тоа Датумот на Производство, па Рокот на Траење на одредени Производи се препотувам три пути. 20 производи да треба да купам ми преседнува и пазарење и све. Глеам некој нема гајле, го зема Производот и одма го става у Корпа. Ни Датум на Производство го интересира ни бутур. Кај мене не е така, Рок на Траење, Земја на Потекло, Состав, абе го читам тоа напишаното на Артиклот од почеток до крај у еден здив, како Романи шо сум читал у времето.

Дополнително губење на време ми е кога на Производот ќе го прочитам она - Употребливо до  Датум втиснат на Работ од Кесичката. На кој раб си викам сеа По Ѓаволите, на горниот раб нема ништо, можда е ставен на долниот по грешка, па откако ќе го најдам не можам да ја распознаам бројката дали е 5 или 6, дали е 8 или 9. Ма јебо ме Работ на Кесичката и таа моја пуста навика. Ми летна денот зверејќи у тоа датумите. Кој шо прави по маркетиве ја зверам по Датуми. Бај д Веј, шо бидна со она дека Рокот на Траење на Производот треба да биде на видно место и читко напишан? Колку Производители го почитуваат тоа?

Еве на пример идам ја да купам Шеќер у еден од поголемите Маркети. (у Жито, али нека остане ова меѓу нас, да не испадне дека цинкарам) Се фаќам за дотичниот производ и прво шо правам го барам датумот на производство. Барам барам ама нема. Дека производот трае 3 години тоа одма го најдов, али она кога е произведен нигде го нема. Баш у моментот додека ја губам време, поминува еден зема цела пакет од Шеќерот го става у Количка и Цепа даље. Брао бе си викам у себе, Легенда. Е не, ќе окапуе како мене ко Ненормален пред Рафт со тоа Шеќерот у рука барајќи Датуми.

Поминува еден од вработените и му викам - Извини Друже, Шеќеров датум на производство има? - Има бе како не. Гледа, гледа, па вика - Има ама не можам да го најдам. Па го врти тоа Шеќерот лево-десно али никако да го види датумот. На крај ми вика - абе тазе е, сега пред некој ден стигна. Хм, си викам, супер Идеја даде Продавачов, место Датум нека ставаат натпис - Стигнато пред некој Ден. Или више ако го земам Шеќерот на Жими Мајка може да стои и натпис - Жими Мајка Тазе е. Абе нека стои било што, само нешто нека има. А можда Датумот беше Втиснат на Работ од Кесичката. А таму ако го втиснат треба да имаш Око Соколово да го прочиташ. И тоа важи за 95 посто од производите.

Сиромаштијата си го прави своето, големиве Играчи у трка за подобри Цени и поголем профит купуваат огромни количини од некој производ кој нормално не може да се продаде у брзо време и шо помалце се гледа Датумот на Производство или Рокот на Траење то боље. Да не отворам Уста за амбалажата на Шеќерот која е бетер од Катастрофа. Спакуван у таква амбалажа и те како е потребно да пишува кога е произведен. А за квалитетот неќам ни да знам. Нашиот Шеќер изглеа ја губи Битката со поефтиниот Шеќер кој се увезува од некоја Афричка Земја Сафари.

А сте се запрашале ли зашто на некои битни производи како Јогурт, Млеко, Сирење, Леб, Брашно и слично има само кога истекува Рокот на Траење, а нема Датум на Производство. Кој знае, али би се кладел дека поради истите причини кои ги кажав предходно. Кога пазарам нешто и на него има и Дата на Производство и Дата до кога е употреблив Производот со мерак го купувам, тоа е прав производ, Машала. Ја да сум Влас на секој Производ осим Рокот би ставил и Дата на Производство, обавезно.

Некои ми викаат абе доста комплицираш со тоа Датумите, знаеш ли дека производот може да се конзумира добар период и после истекот на Рокот. Сум слушнал за тоа и убеден сум дека таа приказна потекнува директно од Произведувачот и ако стават уше малце од тоа Конзервансот Јогуртот на пример може да трае и година дена. Али без разлика на све ја преферирам Тазе Производ. Битно ми е и кога е произведен и до кога е Употреблив.

Е кад се само сетим ал се некад добро јело у времето. Шеќерот беше Шеќер, Јогуртот беше Јогурт, Млекото Млеко, Лебот Леб. Кој глеал Датуми тогаш, све беше тазе. Сите овие намирници шо ги спомнав Јогурт, Млеко, Леб, Кисело Млеко беа дневен производ. Ги купуваш денес и ги конзумираш највише до 2-3 дена. Али знаевме шо јадеме. А не ко сеа, Рокот им е со месеци. Технологијата напреднала, ебем ти и технологија и све. Али тоа шо јадеме и со каков Квалитет е друга тема.

Затоа некој треба да се позабави со оваа проблематика. Производите да бидат обележани со Датуми Ќор да може да ги прочита, за вакви Манџии како мене да не окапуваат по продавници. Ако не сме сигурни у квалитетот, барем за Рокот да не се секираме.

Датум втиснат на Работ од Кесичката ( а можда и не ) Датум втиснат на Работ од Кесичката ( а можда и не ) Reviewed by Skopski Solidarec on 21 септембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)