Technology

Скопско Дуго Топло Лето

Мака мачам на поединци да им објаснам дека тоа шо летово две иљади и петнаесто у Скопје им беше спарно, шо тешко дишеа, шо се препотуваа, шо пуфкаа по цел ден не е од температурите шо беа 35 у хладу. Мислам, не ретко у Скопје секое Дуго Топло Лето можеш да слушнеш коментари од типот - датибам времето..., датибам климата..., е ова никад не било вака..., не памтам вакво нешо..., и слични изливи на емоции.




Башка добар дел од тие поединци имаат огромно „Познавање“ и од метеорологијата, па стручно ќе ти објаснат дека времето у Скопје е спурно поради глобалното затоплување кое се должело на ефектот на стаклена градина, a башка и поради појавата на некакви озонски дупки и слични глобални срања.

А исто така огромен дел од тие поединци прочитале све што има да се прочита од книгите кај шо се опишани разноразни теории на заговор и пошо тогаш се пуни со информации и све знаат, ќе те поучат дека у Скопје времето е катастрофа пошо Американците туриле од оние Харп антени со кои го усрале времето. Па спомињаат некакви фамилии Роштиљ и Рокфедер, или така нешто.  А ако и малце посумњаш  у тие нивни теории одма те праат будала.

Меѓутоа вистината за Глобалното Затоплување у Скопје е сосем другачија од онаа што ја промовираат овие приучени Метеоролози и заговарачи. А ја таа климатска промена у Скопје би ја нарекол Глобално Бетонирање, а коja е поопасна од сите оние климатски промени заедно шо се дешаваат у свет.

Не бе Друже, глобалното затоплување не почнува од Скопје, а нема ни да почне. И да има глобално затоплување тоа последно ќе стигне кај нас, а какви сме можда и ќе не одмине. За нивна информација Скопје некад беше пријатно место за живеење на високи температури. На тераса можеше да се седне и у најтоплиот период од денот. Никој не пуфкаше, никој не се препотуваше, никој не стенкаше и све тоа поради една единствена проста причина, Скопје не беше толку бетониран. Глобалното затоплување за нас беше шпанско село.

Тие исти поединци кои ги има у огромен број у Скопје располагаат и со информации декa Скoпје било oдувек зaгденo сaмo штo порано не сме го знaеле тоа. Тoест кaкo шo ќе речaт, демек пoрaнo немaлo aпaрaти зa мерење нa зaгaденoст на секој чекор пa не сме биле инфoрмирaни. Тaквите oбичнo гo зaнемaрувaaт фaктoт декa Скoпје се бетoнирa кao септичкa јaмa и цврсто се убедени дека Скoпје е зaгaденo истo кaкo и пред 30 - 40 гoдини.

Изгледа исто како и летово така и зимава ќе се изнамачам на таквите поединци да им објаснам дека Скопје не е загадено само ради тоа што некои околни села се грееле на дрва, дека тоа што зимно време поише се возеле коли, или дека ради тоа што градот се наоѓа у котлина. Таквите нека се завртат малце околу себе и ако видат нешто друго осим бетон тогаш ќе се сложам у старт со нивните тврдења.

Затоа пред да се стартува со канонада од пцовки упатени кон времето и климата, размислете добро. И откако ќе размислите употребете ги следниве пцовки - датибам зградите..., датибам Трговските..., датибам бетонот..., датибам Асфалтот... И ко ќе го направите тоа одма ќе приметите дека времето почнува да се стабилизира. Верујте ми.


Скопско Дуго Топло Лето Скопско Дуго Топло Лето Reviewed by Skopski Solidarec on 08 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)