Technology

Акција Град-Село за почисто Скопје


Помина уште еден протест против загадувањето и као после секој протест кај нас работите нема ништо да се променат на поарно. Некој смислил убави Поговорки за таквите ситуации, - Кучињата лаат а Караванот си врви, - Секое чудо за три дена, и слични на кои не можам да се сетам у моментов.

На последниот протест против загадувањето се предложија и некои мерки за да се намалело загадувањето. Едни од тие мерки беа - Забрана за движење на возила со понизок стандард од Еуро 4, како и на дизел возила, времена забрана за работа на индустијата со А и Б интегрирани дозволи, привремена забрана за градежни работи и други мерки.

Како што можете да прочитате се предлагаат само мерки кои се времени и привремени. Мерки кои нема ништо да променат у Скопје. И после овие мерки Градот пак ќе си остане загаден. А од овие мерки стапот ќе го крка само Радничка Класа. Радничка Класа која вози коли постари од 15, 20, 30 и јаче години и онаа Радничка класа која работи за парче леб у Индустрија со А и Б дозволи.

За да не го крка стапот никој ќе предложам неколку мерки после кои и те како ќе се осети подобрување на Ваздухот у Скопје. Предлагам;

1. Вечита мерка затварање на Скопје односно Скопје да се прогласи за затворен Град. Или што ќе рече од него да може само да се иселиш а никако да се вселиш. (Идеја која и порано се предлагаше али за жал никој не ја ебаваше) Акцијата „Скопје отворен град“ да се прогласи за утка на векот и да се забрани за спомнување со Указ. Тоест да не смее ни да се помисли на нејзе. Иако и тие што ја смислија оваа заебанција не градеа и не го пренаселуваа Скопје како некои у последниве години.

2. Вечита мерка забрана за возење коли која ќе важи за сите што се дојдени у Скопје у последниве 5 години (со можност годините да се зголемат) у период помеѓу 15 Септември до 15 Април. А пак од 15 Април до 15 Септември за нив да важи мерката Пар-Непар. На сите нив да им се доделат Субвенции за користење на Јавниот Превоз. Додека пак на Пензионерите Субвенцијата да им се укине, пошто слабо придонесуваат за почист град, да не речам ги заболе за све. Башка после оваа мерка многу нема ни да припарат више у Скопје, а кои доаѓаат само ради чалам.

3. Вечита мерка забрана на секакви градежни активности на цела територија на град Скопје. (тоа ќе важи за градење згради, трговски центри, молови, катни гаражи, споменици и слични лепешки од бетон)

4.Ангажирање на наши стручни лица кои ќе имаат задача да откријат кои градби го попречаваат Протокот на Ваздухот у Скопје и нормално кон тие градби да се преземат конкретни мерки, или да бидам попрецизен да се срушат. Ради атмосфера обавезно Руководеќи Орган што ќе биде одговорен за отпочнување на акцијата да дрекне РУУШИИИИИИИИИИИ!!!

На места каде што порано биле Паркови а сеа Бетон да се руши без многу анализирање, или шо ќе рече одма. Сите оние што издавале маркици за да се гради кај што треба и кај што не треба да се ангажираат со договор на дело како работници под услови и на начин утврдени со закон у обновувањето на тие паркови.

5. Сеизмичка контрола на сите градби од 91 година па до сеа. Таму кај шо ќе се утврди дека има макар и мали фалинки се знае... РУУШИИИИИИ!!! Као фалинка да се сматра и онаа зграда каде што не е оставено зеленило ни куче да измочаш. У тој случај се знае.....

6. Вечита мерка Субвенционирање за купување на куќа (читај - куќа за џабе) на сите оние што ќе пројават интерес да се преселат да живеат у село и да се бават со Земјоделие. (или било што друго) Ако некад акцијата Село-Град била успешна, зашто не би била барем и пола од тоа успешна и акцијата Град-Село. Веруем дека ќе има многу заинтересирани овој Смог у Скопје да го заменат со почист ваздух некаде у периферија.

7. Заедно со Парламентарните избори на 24 Април да се распишат и Градоначалнички избори. Чисто да видиме дали овој народ сеуште ја подржава оваа градежна какофонија у Скопје последниве години или не. Ако ја подржава тогаш од сите мерки да се овозможи барем мерката со реден број 6 и кој сака нека се изгуби одавде.

Ова беа само неколку од многуте мерки кои може да го направат Скопје почист Град. Све друго е млатење празна слама и тапкање у место. Секој нов предлог за почист и незагаден град е добродојден.

Али иако овие мерки тешко дека ќе ги чуете на некој протест ипак ве повикувам следниот пат да излеземе у што поголем број на некој сличен протест.

ПС. Додека Скопје се гради и пренаселува, чист ваздух нема да дишеме.

Акција Град-Село за почисто Скопје Акција Град-Село за почисто Скопје Reviewed by Skopski Solidarec on 29 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)