Technology

Мајстор Квариш (Македонски Хохштаплер и Угурсуз)

Пред извесно време се дигна голема Бука околу тоа дали Мајсторите треба да се регистрираат или не. И тогашниот Министерот за Труд Диме Д’ Кид пресече дека поради реакции на Граѓаните тоа ќе се одложело за некое друго време. Демек ќе ги послушаме граѓаните. А ја за прв пат ќе се сложев у нешто со Министерот али ете, тој одлучи да ги послуша граѓаните и го стопираше целиот процес. Ех си викам , така да ги слушаа Граѓаните Скопје на пример немаше никад да стане Кочина од Град. Како тоа увек ги слушаат Граѓаните кога не треба, а кога треба никој не ги ебава два посто. Тоа е, кај нас све е наопаку.

А дека треба Мајсторите да се регистрираат треба. Па ја досеа не памтам да сум фатил работа со Мајстор и да бидам задоволен. Они се слаткоречиви док не им ги даеш Парите, а ко ќе им ги даеш они тотално мењаат облик и се претвараат у Санава Бич, и тогаш нормално настануваат проблемите. Тука не мислам само на оние што поправаат по дома, Молерај или Електрика и други ситници, туку и на оние Мајстори што вршат и покрупни работи, како градежништво на пример. А тие док не им даеш прво пари ни Добар Ден не ти викаат. Дека она со Регистрирање беше добра Идеа ќе видиме и од наредниве примери.

1. Решавам ја така да почнам да се бавам со Земјоделство, садење на Лешници, Бадем или некоја друга Култура што има загарантиран откуп. Сите доаѓаат у Скопје, а ја решив да идам на Село. Акцијата Село-Град да ја променам у Акција Град-Село. Нормално ми требаше некој Мајстор за да ја средам Куќата наСело за да има елементарни услови за јадење, преспивање, мочање, серење и туширање. По препорака најдов еден да ми среди една соба, го искеширав и целиот радосен почнав да правам планови како за максимум еден месец ќе можам да дојдам у Село и да почнам со Орање, садење и сите оние други работи шо се потребни за да се почне со тој вид на Земјоделство. Договорот беше да го среди тоа за две недели, али ај си викам нека биде и еден месец. Од мене го частам две недели.

Али работите не биле така како шо сум мислел. Тој Еден месец стана Два, тие Два станаа Три, тие Три - Четри, тие..., а работата никако да ја види својата завршница. За сите тие месеци ги слушнав сите могучи оправдања шо постојат на Светов. За тој период Мајсторов ги закачи сите можни вируси што и се познати на Клиниката за Инфективни Болести, па дури и еден што ни Докторите не знаеле да му кажат за шо се работи. Раката два пути ја потфаќал со нешто па ја ставал у Лонгета, рамето го исчашуваше двапути, прво едното па после и другото. Ги прослави сите Празници шо се запишани у Верски Календар, а за Државните да не праам Муабет. А уше пред да почне да работи баш тогаш умрела баба му, па мораше почетокот да го одложи за една недела.

Ова последново ме подсети на времето кога идевме у бившата ни ЈНА, кога на некои уште непочнати со одслужување на војниот рок ќе им стигнеше Депеша после која ги пуштаа на Викенд. Ние гледаме и се чудиме, па го прашуеме Десетарот: - Где че бре овај? - Пустили га на викенд, умрла му Баба. - Па јер му није умрла прошли месец, колко пута му умире баба? - Ма ова нека са женине стране сад, вика Десетарот чешајќи се по глава. - Аха, закопо целу своју родбину па сад прешо на женину. Али некад ко ќе бевме у елемент забушантиве ни признаваа дека све тоа било финта за да се домогнат до некој ден отсуство, снаџи се па живи, викаа. Е ама од тие забушанти у војска немавме штета, али од овие нашиве Мајстори забушанти и то каква штета имаме.

Енивеј, и така заврши неславно мојот прв обид за враќање на Село. Парите си отидоа а работата недовршена, еланот спласна, меракот исчезна, а разочараноста со какви све не Хохштаплери газам по иста земја све поголема и поголема. Да не отварам уста за потрошениот бензин и шетањето со кола натака навака за џабе.

2. Самохрана Мајка наоѓа телефон од Оглас на некој Мајстор шо поправа Телевизори, цена 300 денари доаѓање и поправка. Мајсторот доаѓа, се фаќа за работа и после неколку саати доаѓа до закључок дека Телевизорот не може да го поправи поради тоа што Он немал таков дел кој бил потребен за да се поправи Телевизорот. Али и покрај незавршената работа инсистира да му се плати. Иначе после се испостави дека кварот не бил у некој дел туку откачена жичка кај Копчето за палење. Мајсторов немал фирма, не му знаеш Име, телефонот у меѓувреме го искључил, нема коме да се жалиш, не знаеш кого да пријавиш.
3. Доаѓа Електричар кај некоја Пензионерка за навидум Банална Работа, да смени Фасонка. Меѓутоа работата се одоговлекуе мислиш мењава Парна Турбина на Нуклеарна Централа. После 4 саата суспенс ситуација и испиени две кафиња, три чаши сок, изедени неколку локумчиња, склопува некаква приказна дека не било само до Фасонката и и наплаќа 800 денари. А до што било не кажал. - Комшике и да ти кажам нема да разбереш, заврзлама тешка и рекол мајсторот. - Се изнамачив поштено, да не си ми у кожа, туку дај уше едно од тоа локумчето и да бегам, ме чека уште работа. Лапнал локумот и фатил џаде. Наравучение, у мајстор верба да немаш, па макар бил и познат.

А увек се лажеме дека ќе поминеме поефтино, то ни е у нарав. Мислиме дека ќе уштедиме ако ангажираме некој Мајстор дифтар. (Чест на изузетците, иако се ретки ги има) Пари даваме на лепе очи и ко ќе сфатиме дека не заебале лупаме глава после. Затоа еден апел до новата Госпоѓа Министерка за Труд да вложи Труд и Храброст и да истурка еден ваков закон до крај пошто е - и те како потребен. Од некои Говеда можеш само со закон да се заштитиш, нормално ако тој закон се почитува. Храброст кај нејзиниот предходник да ги заштити граѓаните у многу случаи очигледно немаше, да се надеваме дека сега некои работи ќе се променат.

Али не е доволно само закон и парична казна за такви Угурсузи и Хохштаплери, туку у казната да биде вкључена и задолжителна посета на Психијатар, Педагог, Психолог или што веќе, нормално на нивен трошок. Пошто таквите Лажови и Преваранти го трујат општеството, тие се болест, тие се зараза и како такви треба да се третираат на соодветен начин. Мањина се, али го малтретираат мнозинското поштено и наивно население. (Барем ја мислам дека се мањина, кој знае. Треба да се направи Попис за Преваранти) Таквите ги има секаде, не само меѓу Мајсторите, навлезени се у сите пори на општеството. Без разлика дали е мајстор, пекар, лекар, апотекар, колар, столар, книговезец, стаклорезец, видар, зидар, критичар, политичар, педагог, демагог, полицаец... таквите ги има у сите професии. И да не се лажеме ги има и кај оние што се регистрирани и што работат легално, али за нив у друга прилика.

Земање пари за незавршена работа, дошол и додека отишол се расипало па после треба да го бркаш, земал пари да гради и после треба за свој пари да го молиш да си ја заврши работата и сличн заебанции. Таквите работи треба еднаш заувек да се искоренат у оваа држава. Закон за све и тие закони да се почитуваат или маф ни е работата. Гарантирам дека секој нормален у Државава би подржал Закон што е во интерес на Граѓаните, па така и еден ваков Закон. Ја би се осеќал посигурно у една таква држава па макар тоа и да ме кошта некој денар поскапо од предходно. Само мислам дека уопште нема да ме кошта поскапо, напротив, ќе ме кошта многу поефтино.

Мајстор Квариш (Македонски Хохштаплер и Угурсуз) Мајстор Квариш (Македонски Хохштаплер и Угурсуз) Reviewed by Skopski Solidarec on 02 фебруар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)