Technology

Пеинтбол Арена СКОПЈЕ 2014

Гледајќи ја Шаренава Револуција дојдов на Идеја офарбаниве зданија да не се чистат одкако истата ќе заврши. Одма ќе ви кажам зашто. Ко ги глеам вака офарбани сфатив дека уствари СКОПЈЕ 2014 е совршено место за Пеинтбол полигон. Па така овој естетски и финансиски промашај може да биде искористен и за нешо корисно. Според моите прорачунки ако овој Пеинтбол проект заживее очекувам за едно 200 до 300 години евентуално до 350 парите фрлени у ветар за Скопје 2014 да бидат вратени. Па така на смеа на шала од ова би можело и нешо добро да искочи.

За да се сфати работава озбиљно би се организирал Турнир у Пеинтбол со учество и на странски земји, по шо овој турнир би добил и меѓународен карактер. Ако тргне работата би можеле од Меѓународниот Олимпискиот комитет да побараме овој вид на спорт да биде дел и од Олимписките игри. И ако одлучат позитивно заслугата за тоа би ни припаднала нам.

Меѓутоа она шо очекувам да биде бум од невидини размери и нешо шо досеа светов го нема видено е одржавање на Светско првенство у Пеинтбол со учество на Странски Служби како шо се ЦИА, ФСБ (КГБ), МОСАД и МИ6, кои како Велика Четворка би обезбедиле директно учество, додека другите Служби по пат на квалификации би се бореле за учество на едно вакво такмичење. Како земја домаќин нашава Служба би обезбедила автоматско учество. Убеден сум дека Службиве би прифатиле оберучке, пошо сите сакаат на сите да им покажат чија мајка црну вуну преде. Односно на малце поинаков начин да докажат кој е најбољи у својата бранша.

И тука не само шо ќе се чуе за Македонија туку ова би било и добра прилика нашава Тајна Служба да размени позитивни искуства со најаките Тајни Служби у свет. Сигурно би биле добродојдени нивните савети, трикови и цаки. На пример би можеле да не поучат како да прислушкуеш а да не бидеш откриен, како за почеток.

Нормално кога не би се одржавале турнири и првенства, Пеинтбол Арената би била отворена и за обични посетители и за странски туристи. Ако досеа Скопје 2014 не ги даде очекиваните резултати на туристички план, со претварање на Скопје 2014 у Пеинтбол арена моите прорачунки кажуваат дека туризмот у Скопје би можел да рипне за едно 20 до 30 посто само у првата година од отварањето.

... и така од проект кој досеа беше Пеинбол би станал Пеинтбол кој ќе носи пари.


Пеинтбол Арена СКОПЈЕ 2014 Пеинтбол Арена СКОПЈЕ 2014 Reviewed by Skopski Solidarec on 24 април Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)