Technology

Бакрачески имет ли попаметна работа летово него да ги менвит имињата на улиците и плоштадите!?

Абе овој градоначалников на Охрид Бакрачески имет побитна работа летово него да ги менвит имињата на улиците и плоштадите!?
Ако се прашвам ја имет, да си дај оставка!


Абе Бакрачески, до имињата на улиците и плоштадите ли дошло. Од ко ќе ги смениш имињата ќе врие од туристи у Охрид, така . Изглеа овој стварно сака да му го загрози епитетот „најлош Градоначалник“ на Коце наш.


Интегрално ви ја пренесувам изјавата на Бакрачот у врска со ова - Името Туристичка за една главна артерија во Охрид некако не содејствува. Не знам зошто би упатувало едно име Туристичка на главната сообраќајна артерија во градот Охрид. Меѓутоа повторно ќе кажам сепак затоа ние направивме оглас во јавноста кој што секој има право по отварањето на тој оглас да даде предлози...
- !?!?!?
Иако малце ме опнаа прашалници у глава од изјавава ипак успеaв дa јa дешифрирaм и да ми текне шо сака да каже.


Стварно народе, зашо у Охрид кој иначе е туристички град и живее од туризам една улица би се викала Туристичка. Ја појма неам!!! Знае некој??? Не а. Е па тогаш Бакрачот е у право, некако не содејствува.


Али пред да почнете со предлози за имињата ипак прво пробајте да му објасните кои се приоритетни работи за еден Градоначалник у едно туристичко место у сред туристичка сезона. Објаснете му дека цела зима ќе има време да се бави со ситници и глупости. Летово ипак има многу побитни работи у Охрид да се направат неголи да се мењаваат имиња на улици и плоштади.


Стварно не можам да ги разберам ова нашиве градоначалници. Све им е поприоритетно осим она шо стварно треба да им биде приоритет. Можеш да мењаваш имиња колку сакаш али со тоа нема да ги вратиш Туристите у Охрид. Ако ги мењаваат уопште ради тоа. Тој булевар се викал така и тогаш кога немало место ни игла да фрлиш у Охрид. Значи не е до имињата шо секоја година се помалце туристи има у Охрид. До нешто друго ќе да е.


ПС. Сепак затоа ќе кажам дека име шо би содејствувало поише од името Туристичка за тој Булевар за мене мислам дека нема. Него ако му се појават Бели Пеперутки ко лани ќе види мењавање имиња и на улици и на булевари а и на плоштади.

Бакрачески имет ли попаметна работа летово него да ги менвит имињата на улиците и плоштадите!? Бакрачески имет ли попаметна работа летово него да ги менвит имињата на улиците и плоштадите!? Reviewed by Skopski Solidarec on 03 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)