Technology

Мајка Шајка и све по список

Па добро бе што е ова работа со неистомисленициве. Абе не се десило коментар некој да пуштиш а да не почнат одма со претњи. Не се ни трудат чак ни да го прочитаат текстот или коментарот до крај а више почнуваат да ебат, да тепаат, да мењаат личен опис, да скалпираат...

И тука не мислам само за оние таканаречени читачи шо влегуваат на странава моја, туку и на други фан страни или фб профили. Абе нема кај нив ни две ни три одма Мајка Шајка и све по список. Што бидна со она - Не се сложувам со тебе али ќе го почитувам твоето мислење.

Од сад па надаље и у будуче на оваа страна такви коментари со навреди ќе се блокираат одма. Дали биле навреди кон мене, дали кон некој читател, дали кон некој политичар од позиција или опозиција сеедно. Дали кон некој читател подржувач на власта или кон опозицијата исто така сеедно, одма ќе се блокира. Имате и други Фб страни и тоа каде каде попосетени од оваа па идете тамо и вреѓајте колку сакате и лечите комплекси. Нормално док не ве блокираат и тамо.

Кој мисли дека е у право може тоа да го објасни на фин и на културен начин. Странава ја посетуваат мал број на читатели, али читатели у прав смисол на зборот. Читаат од А до Ш. На некои им се свиѓаат мојте текстови на некој не, на некој им се смешни на некој не им се ич. И ептен ми праат чест таквите читатели. И едните и другите.

Али ко ќе се убацат оние - „Мајка Шајка и све по список“ ти се усерува и ден и ноќ и све. Ти покушаваш да го убедиш да коментира културно и да ги каже своите аргументи али јок брате... - Мајка Шајка и све по список. И тоа ми беше кардинална грешка, што уопште влегував у конверзација со таквите. Такви нечитатели ама баш ич не ми требаат, иако сум магнет за таквите. Замараат до крајни граници. Држете се подалеку од такви негативни личности, и на интернетов а и у живо.


Мајка Шајка и све по список Мајка Шајка и све по список Reviewed by Skopski Solidarec on 17 јул Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)