Technology

Внимание, внимание! Градот Скопје се јави со соопштение!

Многу е тешко да ги читаш ова соопштенијата на град Скопје. Читајќи можеш да паднеш у депресија само после прочитани 2-3 реда. Али ја ипак решив да ризикуем, си земав чај од валеријана и почнав да го читам ова последново соопштение каде што нешто паламудат за тоа што прави градот Скопје (читај Коце) за да се справи со загадувањето и шо имаат у план да прават и за понатака. Па дури ќе се потрошеле и 4 миљони евра за таа сврха.

На моменти паѓав у депресивно стање читајќи али ќе шмркнев од тоа валеријаната и ќе се опраев па ќе продужев со читање. Така до крај, шмркни валеријанче па прочитај два реда, шмркни па два реда, па шмркни па пак два реда. Откако го прочитав прво се запрашав - и шо сеа? Ништо ебате беља, џабе го читав, џабе ризикуев да паднам у депресија. Али више ко го прочитав малце сакам да го искоментирам.

Соопштението го започињаат со старата добра прикаска у која мислам дека више не веруваат ни они самите, а тоа е дека у 2017 година ќе подигнеле нови зелени површини и ќе саделе нови дрвја. Па ни мање ни више за тоа ќе потрошеле накај 1.3 миљон евра. Не ми е јасно само каде ќе ги прават тие паркови кога со години гледаме дека го праат уствари обратното, секој парк и зелена површина ја претворија у градежна зона. И да сака чоек да направи парк нема каде.

Мене овој Коце да бидам искрен ме подсеќа малце на оној Доктор Џекил и Мистер Хајд, Само што овој нашиов денски е Градоначалник Трајановски кој обеќава зелени површини, паркови и дрва, а после полноќ се претвара у Мистер Коце кој маме еба и на зелени површини и на паркови и на дрва и на цела флора и фауна и на све живо и диво.

Под мерка два замислете - за изработка и реализација на програми, планови, стратегии, разни мерења и за изработка на интегрирани дозволи Коце планира да слупа 180 иљади евра. Не знам шо да искоментирам тука. После 2 мандати градоначалникување он допрва ќе праел планови и стратегии, ќе мерел нешто и што ти ја знам. Хм, 180 иљади евра за планови и стратегии!? Па ја со 180 иљади евра има Скопје да го направам кучица цвеча бе чоече. Ви викам ја дека може да се падне у депресија читајќи такви којештарии.

Потоа како мерка го спомињаат и тоа што бесплатно по автобуси се возат пензионери и средношколци. Мада ова везе неам каква врска има со справување со загадувањето. А да плаќаат автобус Скопје ќе биде позагадено!?!? Или ако плаќаат карта пензионериве место у аутобус ќе му ја седнат у кола и ќе беаснеат по градов. Ќе загадуваат највише пошто у нивниот возен парк има само коли купени уште у социјализмот - југо, москвич, фиќо, 100кец, тристач и слично а кои не се еуро 4 или 5. Не знам, али мислам више ако даваш бесплатно возење со аутобус треба да го даеш на сите. Мерката би имала ефект ако ги убедиш оние што возат коли да се качат у аутобус.

Потоа се фалат дека Градот Скопје е првата локална самоуправа што набавил електричен автомобил, електроскутери и електровелосипеди за потребите на градската администрација. Јака мерка нема што. Осеќате подобрување на воздухот така? Набавката на само еден електричен автомобил ќе заврши голема работа, а административците ќе се изнавозат зимава електроскутери и електровелосипеди и со тоа ќе придонесат за почист ваздух. Генијално. Браво Коце, скидам капа. Абе Бронхи да набавеше ќе завршеше поголема работа. Барем лакше ќе се дише? - Слушај го, еден електричен автомобил - па уште и се фалат ко кујзнае што набавиле.

А за понатака у некоја блиска будучност обеќаваат дека со помош на владата ќе набавеле 50 електрични автобуси кои ќе чинеле од 15 до 25 миљони евра. Само не ми е јасно зашто оваа мерка ја планираат за у иднина кога можат одма да ја реализираат. Нека ја прекинат изградбата на панорамското тркало и ете ти 50 електрични автобуси у Скопје. Па дури и кусур ќе им остане. Ама не, на нив поише им е битно да врти Панорамско тркало на Вардар отколку да вртат електрични автобуси по Скопје. Кујзнае, можда и ќе се набават али све мислам дека Коце нема тогаш да биде градоначалник.

Се спомињаат и други мерки како она прскањето со калциум магнезиум ацетат и посебен сообраќаен режим за тешки моторни возила кој исто така не даваат никакви резултати. Ја сум убеден дека има многу мерки кои би го намалиле загадувањето у Скопје, али тие мерки не можат да се остварат без мерката број 1, а таа мерка е Коце да си дае оставка. Без тоа ништо, џабе е све.

И да не го тупам више. За крај ќе предложам еден добар предлог, a тоа е Градот Скопје да не потроши ни евро више за справување со загадувањето. И овие 4 миљона евра што планираат да ги трошат за 2017 година ич нека не ги пипаат. Наскоро се ближат градоначалнички избори и може многу лесно да се деси некој друг да дојде за градски глауч наместо Коце, па можда ќе му текне некоја боља идеја како да се потрошат овие пари. Коце имаше доста време да покаже што знае, падна на испитот.

Внимание, внимание! Градот Скопје се јави со соопштение!  Внимание, внимание! Градот Скопје се јави со соопштение! Reviewed by Skopski Solidarec on 26 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)