Technology

У Заевом Гнезду (Водич за неопределени гласачи)

Зоран Заев сакал тоа некој да го признае или не успеа у некои работи што на почетокот изгледаа као невозможни мисии. Прво го симна од тронот Б.Ц. - неприкосновениот лидер на СДСМ и уште поневозможното, го принуди на оставка неприкосновениот Премиер на Македонија Никола Груевски. Вакви Невозможни Мисии ни Том Круз лично и персонално не би успеал да изведе. Ма каков Том Круз ни Брус Ли не би можел да изведе вакво нешто. Така барем ја мислам.

Иначе ЗЗ за некои е аболициран криминалец и предавник, а пак за други храбар човек и поштеначиња и тип кој одлучил да се фати у коштац со секој Нитков у државава.

Од друга страна пак го имаме Н.Г. кој за некои е патриот и врвен економист и најдобриот премиер што Македонија некад го имала, додека пак за други обичен лопов и среброљубец.

Е тука ние неопределените за прв пут откако има избори кај нас у недела ќе пресечеме кој е кој. Пошо ако може да им се веруе на анкетите баш неопределените гласачи ќе ја решат новата влада. За прв пут ние како гласачи ќе бидеме порота као у некоја судница од некој амерички филм и ќе пресудиме кој е криминалец а кој поштен.

Имавме доста време да размислуваме кој е у право а кој не. Сдсм као докази ги приложи аудио снимките или такозваните бомби каде шо можевме да чуеме врло лоши работи за актуелната ни Власт, додека пак Вмро Дпмне се бранеше дека тоа биле сечени, лепени, монтирани и што ти ја знам какви све не снимки. Јака одбрана нема што.

Потоа Сдсм обвинуваше дека власта прислушувала, а Вмро Дпмне пак обвини дека прислушувал Сдсм у соработка со странски служби кои напикани у жуто комбе снимале на разноразни локации низ градот. Стварно јако.

Уф ќе биде тешко да одлучиме. Али ипак ние ја знаеме која е правата вистина, пошо не сме ниту глуви ниту слепи, а не сме ни глупи. А оние кои уште не им е јасно која е вистината треба само да излезат на гласачко место и све ќе им се разјасни у моментот. Ако у недела на денот на изборите останат дома ништо не направиле.

Треба масовно да се искочи на гласање и да се одлучи по кој пат ќе иде Македонија. Дали по овој пат каде шо не водат у моментов  Н.Г. и Вмро Дпмне или ќе тргнеме На Заевом путу односно по патот на кој ќе не води Сдсм. Дали ќе се враќаме назад у античко време или ќе идеме У Заевом гнезду малце за промена. Да видиме и тамо како е.

За крај ја само ќе додадам да не се плашите од промени. Секоја промена у животот е добродојдена. Не чини кога нема промени. Ако се случи промена на власта у недела следниот ден сонцето пак ќе изгрее. Нема потреба за страв. Треба само една ситница да направите -- да искочите на гласање.

У Заевом Гнезду (Водич за неопределени гласачи)  У Заевом Гнезду (Водич за неопределени гласачи) Reviewed by Skopski Solidarec on 10 децембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)