Technology

Десант на Скопје

Е денеска се прскаше против комарци, признавам. Додека не забрмчи тоа авионот, а ти не изрипаш од кревет ко попарен пошо мислиш дека авионот ќе ти улета у спална дирек низ прозор, прскање против комарци не бидуе. Додуше не брмчеше као оние од прошлите години али и ова не беше лошо. Некад ко ќе забрмчеа имаш утисак дека си влегол у временска машина која те вратила у 1944 година и те истоварила у сред десантот на Дрвар.



Па то видиш, ко ќе забрмчи вака авионот над Скопје не треба ни да се прска, доволно е само да прелета и гарантирано комарциве добиваат хардатак, а тие шо ќе преживеат добиваат уплав и фаќаат усвит. Сега и нас малце гомното ни смрзнува али то не е ништо у споредба со тоа шо ќе бидеме раат од тие крвопии. Зато Шилегов, заеби тоа тивките авиони, нема ефект од нив. Увек да ги пушташ бучните, тие вршат работа.

Десант на Скопје Десант на Скопје Reviewed by Skopski Solidarec on 13 август Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)