Technology

Соу сори Џони

Резултат со слика за еу нато австралијаЧитам коментари на некои постови по социјалниве мрежи у врска со референдумов. Ги има секакви. Меѓутоа највише ми го привлекоа вниманието оние коментари од нашите сонародници од прекуокенските земји, претежно од Австралија. По правило сите тие што коментираат се од помладата генерација Македонци кои имаат англиски имиња како Џони, Тери, Џон и слично и имаат елементарно непознавање на македонскиот јазик, да не речам не го ни знаат. И затоа коментарите им се на Англиски јазик, а кога ќе бидат прозвани да пишуваат на Македонски, прават такви граматички грешки што на гугл транслејт да ги преведувале англиските реченици немаше да биде така неразбирливо. Али ајде.

Него зашто го прават тоа? Зашто не сакаат и ние малце да пркнеме? До Македонија ли им станало? Не знаат Македонски, Македонија не можат ни на карта да ја најдат, никад нема да се вратат, ај што нема  да се вратат туку доаѓаат толку ретко во Македонија, што забораваат кога последен пат биле. Многу дури и никад немаат стапнато во земјата на своите претци. На Македонија им текнува само тогаш кога треба да се деси нешто со кое Македонија би тргнала од мртва точка, а кои они по дифолт се увек против. Стварно не можам да ги разберам.

Овие што живееат тука и што ќе бојкотираат можам да ги разберам, познавам доста од нив. Тука живеат, тука се невработени, тука работат за 200-300 евра, тука работат по 12 саата дневно, тука немаат иднина, тука ги грејат клупите по скопските маала, тука ги мерат улиците како пензионери, тука возат скапаници стари по 20-30 години. Али ете, убедени се дека членството у НАТО и ЕУ нема да донесе никаков бенефит. Ок, и покрај тоа ги подржавам и ги разбирам. Али овие нашиве распрскани по западниве земји не можам никако да ги сварам.

Ситиот на гладниот не му верува. Лесно е да се лупаш у гради од Австралија, Германија, Америка... Социјално, здравствено, редовна плата, дупли дневници, тродупли дневници, куќи, станови, коли, пари на страна, одмори, работел не работел пари земаш, одлично здравство, детски додаток, школство на ниво, курац-палац... Нека дојдат тука заедно да се лупаме у гради. Зато соу сори Џони, дис тајм нема да биде по ваше. Доаѓаме кај вас и ја носиме Македонија со нас.

Соу сори Џони Соу сори Џони Reviewed by Skopski Solidarec on 29 септембар Rating: 5

2 коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)