Technology

Немоќниот Златко Марин

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2018/10/marin.jpgКај нас у политикава е лошо тоа што ко ќе изгласаш некого на функција, а дотичниот не го бива, треба да чекаш 4 години до следните избори за да ја поправиш грешката. Ако се заебеш пак уште 4. Тоа пошто за оставка не им паѓа на памет. Таков случај е со Златко Марин убедливо најлошиот градоначалник у Скопје. Општина Аеродром стварно нема среќа со градоначалнициве.  Повод за овој текст се последните градежнички збиднувања у Аеродром.


Да се подсетиме на некои изјави на Марин пред да стане градоначалник:
-  Ќе има преиспитување и одговорност за спорниот ДУП И10 во Општина Аеродром, којшто беше изгласан тајно и без дебата...
- Бараме итно повлекување на ДУПот и заштита на интересот на граѓаните и нивното право на чист воздух...
- Под итно треба да се стопира целиот процес на изградба со цел зачувување на зелената површина...
- Ќе има ревизија на ДУПовите...

Ова се само дел од изјавите на Марин пред да стане градоначалник. Одкако седна у фотеља он ретерираше во ставовите по принципот пу пу не важи и за разлика од тогаш сега неговите изјави се од типот, „немоќен сум“ и „врзани ми се рацете“. Али тоа што е немоќен и што му се врзани рацете и не е некое злодело. Работата е во тоа што со она што го кажувал пред да стане градоначалник ги довел во заблуда граѓаните и они гласале за него, очекувајќи да воведе ред у градежништвото. Пошто граѓаните биле излажани би било фер Марин да си оди од функција.

Али дали Марин е немоќен и дали му се врзани рацете? Да ве подсетам што се случува во соседната општина. - Советот на општина Центар донесе одлука за запирање на спроведување на 31 Детален урбанистички план за подрачјето на општината. Оваа одлука е донесена на предлог на градоначалникот Саша Богдановиќ. Оправданоста за овој потег е дека при донесување на голем дел од овие ДУП-ови, кои се носени во доцните ноќни часови, не е изготвен извештај за стручната расправа и јавна анкета. (баш како у Аеродром) Оваа одлука иначе уште е на сила у Центар. Толку за немоќноста на Марин.

Али замислете, наместо да го следи примерот на неговиот колега Богдановиќ, Марин пред некој месец ќе изјави дека не може да ги стопира градбите со мораториум по примерот на општина Центар бидејќи тоа не е законски. Е ова се нарекува капак. То е све што треба да знаете за Златко Марин, да не ве замарам више.


Немоќниот Златко Марин Немоќниот Златко Марин Reviewed by Skopski Solidarec on 09 октобар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)