Technology

Гревот на Јавноста

Негде прочитав некаква статистика дека „гневот на јавноста“ откако ќе се деси нешто негативно траел околу 7 дена. За тој период оној што го предизвикал тој гнев треба да смисли нешто за да ја смири таа јавност уште у самиот старт, зато што ако јавноста негодува цели 7 дена тоа лошо ќе се одрази врз рејтингот на истиот, а работите може да избегаат од контрола. Али то може на запад, кај нас чисто сумњам дека трае 7 дена. Може трае околу 7 минути.

Ова како да го знаел Златко Марин, градоначалникот на Аеродром и веднаш откако гневот на јавноста прерасна во протест пред Мајчин Дом он реагираше со запирање на градбата во рок од 15 дена демек поради неправилности на градилиштето. Нема врска. Али тој со тоа направи добар дриблинг со финта. Гневот на јавноста беше неутрализиран уште во првиот сат. Следниот ден како да не било ништо. Благодарејќи на таа финта, ситуацијата околу Мачин Дом се стиша и вториот протест помина неславно и нормално таму ќе си никне зграда.

Толку за гневот на јавноста кога е во прашање градежното лудило у Аеродром и Скопје уопште. Прошлиот текст напишав дека ако падне Мајчин Дом ќе паднат и многу други паркови у Аеродром. Евентуално потенцијални паркови. Не требаше да помине многу за да се уверам дека сум бил у право. Деновиве падна и единственото слободно место меѓу зградите кај Реонски центар Аеродром. А се плашам дека не сме ни свесни уште колку слободни места и паркови допрва ќе паѓаат. Тоа зато што Аеродром има немоќен градоначалник, (у случајов „немоќен“ у превод значи „така му чини“) али уште побитно од тоа е дека имаме и немоќен народ. Од „Гневот на Јавноста“ го видовме само „Гревот на Јавноста“.

Гревот на Јавноста Гревот на Јавноста Reviewed by Skopski Solidarec on 07 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)