Кој уствари е крив за загадениот воздух у Скопје?

Да се подсетиме дека од 1991 година до 1996 година ВМРО-ДПМНЕ владееше со Скопје. Да се подсетиме дека и Ристо Пенов и Трифун Костовски станаа градоначалници со помош на ВМРО-ДПМНЕ. Тука мора да напоменам дека Трифун, кој беше градоначалник од 2005 до 2009 година и ВМРО-ДПМНЕ, кој тогаш имаа мнозинство у советот на град Скопје ја расипаа калимерата поради ДУПот Мал Ринг, кој предвидуваше градење во близина на коритото на реката Вардар, поставување споменици, ставање врби у Вардар и слично. Трифун го оспори ДУПот пред Уставен кој пак не можеше да одлучи со месеци дали планот е во согласност со ГУП на град Скопје или не. Во тој хаос доаѓаат градоначалнички избори 2009 година, победува ВМРО-ДПМНЕ, Коце станува градоначалник на Скопје, се почнува со проектот СКОПЈЕ 2014 и се другото е историја.
Да се подсетиме дека потоа ВМРО-ДПМНЕ и Коце градоначалникуваа пуни 8 години. Да се подсетиме дека ВМРО-ДПМНЕ градоначалникуваше со општина Центар долги години, од 2000 до 2013 година. За тој период од општина центар потекнува и катастрофалниот ДУП Мал Ринг и катастрофалниот проект СКОПЈЕ 2014. Пред 2000_та да бидам искрен не ми е познато како функционирала општина Центар. Да се подсетиме дека долги години градоначалникуваа и со Гази Баба, Ѓорче Петров, Аеродром, Кисела Вода. Тоа се стварно многу долги години владеење на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје.
Затоа пред да посочиме кој е најодговорен за загадениот ваздух у Скопје дај да провериме кој и од која партија бил на пример оној што издал највише маркици за градба на зградетини или било какви други бетонски срања на Водно на пример или у Дебар Маало на пример или у Аеродром на пример? У чије време се сотрени највише дрва на пример? Не дека денешниве градоначалници се бољи нешто, али пак ќе кажам, пред да почнеш да плукаш у туѓиот двор погледни си го прво својот. ( Е стварно јака пословица нема што) А сега ако уште се прашувате кој е крив што ваздухот у Скопје е загаден ќе ви кажам. Па ние сме криви ебатебеља, кој би можел друг. Ние ги гласаме.
Кој уствари е крив за загадениот воздух у Скопје?
Reviewed by Skopski Solidarec
on
17 новембар
Rating:
Нема коментара
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.