Technology

Ех Кензо, Кензо...


Попушти и последниот бедем во борбата со градежната братија. Како што тргнале работите се поизвесно е дека општина Центар ќе дозволи изградба на висококатници на паркингот карши ГТЦ. Значи не ги спречава ништо, ни мораториум, ни закон за зеленило, ни бутур.

А изјавата на Богдановиќ дека и Кензо Танге имал замислено згради 100 катници на тоа место можам само да ја окфалификувам како лапсус. Кажана е со закаснување од 50 години. Подобро да кажеше дека е немоќен да ја спречи изградбата (како неговиот колега Марин) отколку да се правда со вакви изјави.


Прво Скопје не е веќе ни 1 % од она што го има замислено Кензо Танге. И второ, ако више ги вадиме од нафталин замислите на Кензо треба да се каже дека он Скопје го проектирал како град за (не повеќе од) 300 иљади жители. Поради тоа замислата на Кензо за 100 катници карши ГТЦ више не важи.

Ја право да ви кажам го разбирам Богдановиќ што попушти у оваа битка со градежнициве. Проба чоекот и не успеа. Не доби подршка од никого. Ни од своите колеги градоначалници, (Шилегов, Марин) ни од влада, ни од никој. Дури Златко Марин го обвини дека мораториумот у општина Центар бил незаконски. Прашање на време беше кога ќе попушти.

Скопјани више треба да размислуваат за бојкот на градоначалнички избори. Гледаме дека нема никакво фајде од истите. На последниве избори се гласаше против и пак џабе. И така Скопје више не може никој да го спаси. Скопје е завршена приказна. Ех, Кензо, Кензо, што ти направија од Скопје.

Ех Кензо, Кензо... Ех Кензо, Кензо... Reviewed by Skopski Solidarec on 28 новембар Rating: 5

Нема коментара

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.

Recent News

Related Posts No. (ex: 9)